Шала на страна, ај вака фино да пишам за да станат некои работи појасни.
Значи, Скопје 2014- та, па Скопје 2014- та, па не чинеле скулптурите, па не чинеле зградите, стилот, па ревизија, па многу пари се дале и што уште не, а за сето ова доколку вака се однесувале народите и цивилизациите на кои секој им се поклонува ќе биле и незнајни и изгубени низ вековите. Нели и јадењето чини пари ама пак трошиме пари за јадење, не ?! Или и куќата чини пари ама пак правиме...
Нешто друго е во прашање. Неумеењето да се сфати смислата на своето постоење и опстојување мерена не со аршинот на 1 ден и година, не со ракурсот на некаква партија, зашто тие се атоми во споредба со грандиозноста на мисијата што треба да си ја има секој народ, да гради и создава нови вредности, да остави трајни траги за својата смисла дека животот не се живее со пилешки ум туку со својата длабочина како океан бара широки вонвременски видици и критериуми. После определен број години, децении, па и векови проблематизирањето на Скопје 2014, како и причините поради кои тоа се прави сигурен сум уште отсега треба да ги замолчи и засрами критичарите.
Убаво вели нашиот народ, од секое дрвце не бива шупелче.