Вака по слебодна проценка, што мислиш дека би било од МК ако не била под југославија? Нива? Природне богатствине?
Вардарска Македонија ќе беше Јужна Србија, а ние јужно-србијанци согласно планот за поделба на Македонија со Букурешкиот договор. Тито(т.е. тие кои стојат зад него) на Вардарска Македонија и дадоа независност и рамноправност во рамките на СФРЈ. За тоа треба да му се оддаде признание и благодарност на Тито како и за многу други работи. Но колку што има направено добро толку има направено и лошо.
На пример на 9 декември 1944 година, шефот на Британската мисија во Белград, Меклеан, го посетил Јосип Броз Тито и му го кажал својот заклучок дека формирањето на Бригадата (Егејска) открива територијални претензии врз грчките и бугарските територии и му посочил да не се меша во грчките работи, односно во судирот меѓу ЕЛАС и британските сили во Атина. Тито го убедувал Меклеан дека Југославија нема никаква претензија на грчка Македонија и дека Првата егејска бригада нема да оди во Грција. На 22 декември 1944 година, Тито наредил Егејската бригада да не замине за Егејска Македонија, на ЕЛАС да не му се даде ветената помош, што се должела на директивата на Сталин до раководството на КПГ да ја прекине оружената борба и да побара мирољубиво решение за судирот со Англија. Со специјална наредба под број 236 (строго доверлива) од маршал Тито на 2 април 1945 година побарал расформирање на Егејската бригада.
Меѓудругото уште од тогаш е јасно чив човек е Тито.
Среќа што "американците го инфилтрирале" Тито, иначе до ден денес Македонија ќе немала сопствена држава.
Чиста логика ова болдираново.
Ќе имала бе! Во принцип сите држави кои ги има денес(Грција, Бугарија и Албанија), само наместо да ја има и ФИРОМ ќе ја имаше Јужна Србија.
До 91 друго учевме
Кое одделение имаш завршено?
не сум запознаен што срање се учи денес, али судејќи според плоштадот не ми мириса на арно.
Има една поговорка која вели човекот се учи додека е жив. Ама очигледно е дека таа поговорка не е вистинита. Кај некои луѓе процесот на учење завршува многу порано, а ти си најпластичен пример за тоа. За разлика од тебе и други ја учеле про-југословенски фабрикуваната историја, но не застанале таму и продолжиле да учат друго и од други извори, па така стекнале нови сознанија и размислувајќи оформиле некое поразлично мислење од она кое беше сервирано во екс-југословенската образовна литература.
Зависи кој како се чувствува, јас лично од 91 наваму се чуствувам поробен и ограничен.
Сосема оправдано ти е тоа чувството на ограниченост. Всушност ти и пред 91-ва си бил ограничен само дури тогаш си осознал. За поробеноста неможам да коментирам.