sale таа е таа алета,романка,во право е лорд....мислам дека има најтесна,бар вака како што се гледа

онак гледам дека пре би кукла него ли неа

онак што правиме ако ја пробушиш куклата,ќе треба да ја лепиш....а оваа брат буши колку што сакаш
да се вратиме на темата.Со што се труеме?
Изминативе седмици, меѓу другото, главна тема е колку и кои токсини се кријат во производите што ги јадеме. Мувлата е виновна за многу работи. Лекот е во свеж лук и сауна.
Факт е дека штетното влијание на храната со мувла е откриено уште во Кина, пред повеќе од 5.000 години, но треба да се има на ум дека не секоја мувла е опасна. Она што ја прави отровна е производството на тнр. микотоксини.
Досега се познати стотина видови мувла кои произведуваат микотоксини, а меѓу нив постојат повеќе од 300 вида со различно ниво на штетност.
Посериозно почнале да се проучуваат пред 50-тина кодина кога е откриено дека за смрт на голем број пилиња во Европа е виновна смеса од кикирики во која е најден афлатоксин, денес најпознат микотоксин.
Мувлата која ги произведува овие отрови најчесто се јавува во житарки и сточна храна.
Афлатоксини - најопасни се, се развиваат меѓу житарки, ореви, лешници и слично. Преку сточната храна може да дојдат до млекото и млечните производи. Предизвикуваат млитавост, слабеење, внатрешни крвавења, невролошки нарушувања, грчеви, повраќање, цревни крвавења, жолтица па дури и рак на црн дроб.
Ократоксин А - Отров што се јавува во житарките, кафето и грозјето, а предизвикува проблеми со мочните патишта и оштетување на бубрезите. Има и канцерогено дејство.
Трихотецени - најчесто може да се најдат во пченица, пченка и јачмен. Предизвикуваат негативни промени во цел организам - осип, тешкотии со дишење, крвавење во бели дробови, го напаѓаат нервниот систем, а се манифестираат и со главоболка, слаба координација на движења и депресија.
Зеараленон - најчесто го има во пченката, но и во пченица, соја, јачмен и просо. Кај децата предизвикува преран пубертет и проблеми со репродуктивните органи, како и неплодност.
Намирници најизложени на развој на мувла
Житарки - пченка, пченица, зоб, јачмен, `рж и ориз
Бадеми, лешници, ореви и кокосов орев
Кикирики и соја
Овошје - грозје, смокви и друго суво овошје
Пијалаци - кафе, какао, вино и пиво
Млечни производи - млеко и сирење
Преработени производи - брашно, храна за доенчиња
За борбата против микотоксините се споменуваат лук, коријандер и билки кои содржат многу хлорофил, како брокулата. Добро доаѓа и престој во сауна. Се препорачува да се купуваат свежи производи.


извор:
http://on.net.mk/zhivot/hrana/so-shto-se-trueme