Исто така и 2.0 abf е добар плеер за уши 
Подобар ќе биде после сите потребни корекции во Ас Стил, вака до сега беше со дупнат среден лонец (од тројка дизељ), и заден со непознато потекло.

Шала на страна, ауспухот ќе се средува комплетно во Ас, најверојатно ќе ставам два средни и нов заден лонец.
Јас кај мене го имам Alpine 173BT веќе 3 месеци и презадоволен, помислив дека го имаш истото бидејќи плочката е иста, но од после приметив дека нема влез за ЦД..Како и да е бомба радио, со здравје да се слуша ((:
Па визуелно изгледа како да единствената разлика е што моделот кај тебе има ЦД влез, за дополнителни разлики не знам.
Го гледав и тој модел, разликата во цена беше околу 2 илјади денари плус, а примарно ми беше да го земам поради тоа што има bluetooth и тоа што сум задоволен од Alpine како марка.