Поентата на амортизерот е да ја амортизира спиралата. Втората најбитна работа е амортизерот да нема замор, те. пенење и прегревање на маслото во него. Овие ефтини амортизери како ТА, Vmaxx, JOM и многу други, се најпрости twintube амортизери (прашајте некој што работи во сервис за амортизери, ќе ви објасни поубаво) со најефтини МЕКИ спирали кои најчесто се и до 50% од помеки од адекватни спортски квалитетни спирали.
Поентата на сетапот е колата да биде камен ама и удобна во исто време. Со меки спирали и амортизер од 1200ден, квалитетна вожња нема, спортска вожна нема. Ке мислиш дека е спортска дур не улеташ побрзо на некоја длапка како на мали S на Водно.
Сепак, мислам дека не сте згрешиле со оглед на намената на колите. А и цената им е одлична.