Еден апдејт од името на
@Lhasa Green, тројката отиде под хируршки нож и пластична операција.
Генерален план е да се офарба цела кола бидејќи лакот беше изгорен, хемиско чистење, комплетно средување на ентериерот. Нарачано е ново подвозје, амортизери, бандажи и гуми.
Моторот е веќе надвор, главата ќе се носи кај мајстор Тоше, блокот во Момин Поток да се мерат толеранциите и да се корегира што треба.
Најдена е и поголема клапна за усисот, но некој ќе мора да најдеме да ја направи мапата во спротивно џабе е клапната.