Конечно еден апдејт, направен редовен сервис на 33000км.
Сменето се по список штопна, филтри и уље и наместо 5-30 овојпат и кај мене 0-30 по новите стандарди. Дополнително во редовна постапка променет глицерин и малер баш кај нив ми рикна акумулатор па и тој е заменет за нов.
Е сега, пред околу 2 месеци имав уште еден малер, на паркинг ми ја удрија колата со мотор позади па мораше да биде заменето задно ветробранско стакло, заден браник и дифузер плус да се префарбаат делови. Се е изработено во Порше кај нив со оригинални нови делови (да не се чудите зошто спремам уште една двојка, за дејли драјвер баш од неписмени шофери). Бев доста нервозен и разочаран од цела ситуација но, што е тука е.
Среден е и предниот браник, лево ќоше беше сефте направено за од малери ама не помогна. И кога мислат дека може да те скршат тогаш стануваш посилен па така сега во семејството се вози и Голф 6 ГТД од 2010 година, мануелен менувач со две врати.