Автор Тема: 2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan  (Прочитано 3837 пати)

Отсутен mite

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan
« на: 14 Мај 2017, 06:46:32 am »
Здраво,

Планирам да купам нова кола и денес видов добра понуда за 2017 Volkswagen Passat 1.8T S бензинец. Цената му е околу $19 500 (19 000 евра) со попуст.
Моментално сум на работа во САД но планирам да се вратам за година дена и да ја донесам со мене во Македонија. Планирам да ја возам на американски табли за да не плакам даноци за префрлање и скапа регистрација.
Денеска гледав на веб страната на Порше Македонија и сличен модел или ист е околу 29 000 евра. Претпоставувам дека е поголема цената заради даноци на увоз во МК. Во САД мислам дека не плаќаат такво нешто оти тука ги произведуваат.

Ме буни тоа што има голема разлика во цената. Незнам дали главно е заради данокот на увоз или испуштам и нешто друго?
Досега не сум носел кола од САД во МК и не ги знам процедурите. Дали има некој искуство со тоа или има слушнато муабети? Главно ме интересира колку време можам да ја возам на странски табли, колку би чинело да се префрли на мк табли и сл.

Еве линк до колата во САД:
http://www.sheppardmotors.com/new/Volkswagen/2017-Volkswagen-Passat-be86fee70a0e0ae70fea12d217888a13.htm

а ова е линк до ценовникот во МК:
https://cc.porscheinformatik.com/nwapp/nws_mk/ICC3/VW!mk!!!V!!!/?&MGN=234

Фала многу,
Поздрав!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: 2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan
« Одговори #1 на: 14 Мај 2017, 10:51:11 am »
Примеруваш дека не се исти колите што си ги постирал? :)

Едната е америчка верзија од B7 пасат која е NMS. A нашата е Б8.

Ете ја разликата во цена. Ако ти е за навака не е ли полесно да најдеш некоја од критичните 2.0тди верувам треба да се многу ефтини таму!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: 2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan
« Одговори #2 на: 14 Мај 2017, 11:10:11 am »
Во основа можеш тука да ја возиш 6 месеци на амерички таблици (зборам ако имаш US пасош).

Ако имаш US пасош мислам дека можеш да ја возеш со A9 таблици, притоа не треба да плаќаш ДДВ за увоз, а мислам ниту царина 3% ако не се лажам од USA.

Е сеа, во реалност, ги возат колите подолго време на странски таблици кај нас,ама ако сакаат можат веднаш да ти направат проблем (после 6 месеци).

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: 2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan
« Одговори #3 на: 14 Мај 2017, 11:30:55 am »
Сранциве не се многу во тек со случувањата дома. Идат со некои чудни коли, често некое BMW 530i 10 годишно, со амерички табли. Не разбираат дека тука таквите коли чинат 3x помалку и одамна не се појава.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: 2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan
« Одговори #4 на: 14 Мај 2017, 11:36:57 am »
Сранциве не се многу во тек со случувањата дома. Идат со некои чудни коли, често некое BMW 530i 10 годишно, со амерички табли. Не разбираат дека тука таквите коли чинат 3x помалку и одамна не се појава.

Јас имав комшија донесе Голф 2-ка ...ја возеше на California таблици и му ја конфисковаа ;D

Пред брзо време, друг комшија донесе E46 323i пред фејслифт, со New Jersey таблици  ...дремеше колата на паркинг 6 месеци, ја снема. Дали ја шитна за делови дали некоја друга ујдурма :) не знам.


Отсутен sander

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: 2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan
« Одговори #5 на: 13 Септември 2022, 18:42:36 pm »
Сранциве не се многу во тек со случувањата дома. Идат со некои чудни коли, често некое BMW 530i 10 годишно, со амерички табли. Не разбираат дека тука таквите коли чинат 3x помалку и одамна не се појава.

Јас имав комшија донесе Голф 2-ка ...ја возеше на California таблици и му ја конфисковаа ;D

Пред брзо време, друг комшија донесе E46 323i пред фејслифт, со New Jersey таблици  ...дремеше колата на паркинг 6 месеци, ја снема. Дали ја шитна за делови дали некоја друга ујдурма :) не знам.

Ja vidov 323i pred nekoe vreme niz debar maalo, ima nekoj chuden body kit od 2000

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: 2017 Volkswagen Passat 1.8T S Sedan
« Одговори #6 на: 13 Септември 2022, 22:24:06 pm »
Браво, одговори на порака стара 5 години.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.