Автор Тема: Што би купиле - БМВ или...  (Прочитано 15247 пати)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Што би купиле - БМВ или...
« на: 05 Мај 2017, 19:05:31 pm »
Веке некое време откако ја дадов 330та е90, возам корола како дејли поради километражата и размислувам за следна кола. Мора да има напред мотор, заден погон и рачен мењач со 6 брзини, немам некој конкретен план дека морам да земам или временско ограничување, но сепак сметам дека е интересен избор, и баш ме интересираат мислења.
 Цена до $25,000
опција 1- Како бмв фен, логично е да размислувам за бмв, за оваа цена можам да најдам ф30 328и спорт пакет м спорт суспензија 240 коња, при оунд со некој си 50,000км поминати

опција 2 - 2017 Форд мустанг екобуст. 2,3 турбо со шпер диференцијал 320коњи. во моментов почуваат да ги даваат без камата до 5 години, попусти затоа што искача редизајн во 2018.

опција 3. ?






Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #1 на: 05 Мај 2017, 19:34:34 pm »
Во Америка си среќнику? Затоа мустанг викаш за 25к само ;D Јас гласам за мустангот многу подобро кола ми е некако од новиве бимери.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #2 на: 05 Мај 2017, 19:41:07 pm »
Има ли опциичка за 5.0 мустанг или м3? Или барем 335? Колку е разликата таму кај тебе?

1. Мустанг 5.0
2. 335
3. Екобуст 320 шпер
4. 328 240кс

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #3 на: 05 Мај 2017, 19:46:31 pm »
3. Нов Голф ГТИ или половен Голф Р

https://www.carmax.com/car/13810507

https://www.carmax.com/car/13612095
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #4 на: 05 Мај 2017, 19:46:39 pm »
Па искрено постои не е којзнае колку поскап Мустанг ГТ, 335и држи поише цена а М3 тешко ке треба некое постаро
пример еве еден што го даваат за околу 29,000, а искрено ако би купувал би било некаде при крај на летото и како завршува годината ценита паѓаат и тоа многу, памтам лани пред да искочи новава верзија на камаро, можеше да се најде ново камаро в6 за 19,000

 http://www.cioccafordquakertown.com/new/Ford/2017-Ford-Mustang-09194f720a0e0a6b278b2504831df6d5.htm?searchDepth=4:14

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #5 на: 05 Мај 2017, 19:48:17 pm »
Муабетот ми е, ако си во можност да земеш големолитарска машина без турбо сега е време зошто нема да постојат понатаму, а чувството е незаменливо. :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #6 на: 05 Мај 2017, 19:54:36 pm »
Зависи со кои потреби си.

БМВто е фамилијарно ауто, Мустангот е за терање мераци (не дека БМВто не е, ама друг е муабетот).

Фамилии, потреби, чуда, секојдневно ауто или ауто за испукуење... Све си повлеквит :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #7 на: 05 Мај 2017, 19:56:08 pm »
За голфовите не сум баш сигурен, страшно добри коли се ама сакам повеке со погон позади.
Дени некако не се плашам дека ке снема набрзо у америка В8 :)...
 БМВ-то дефинитивно има поише простор позади , ама искрено не ми мења нешто тоа многу, ке биде кола што би ја возел бар 3 дена у недела на работа и за викенди
Инаку како информација за 29,000 знам дека видов на едно место 2016 Dodge Challenger R/T Shaker Rear-wheel Drive, 5,7 В8 ново ама останат примерок
 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #8 на: 05 Мај 2017, 22:27:20 pm »
Има ли опциичка за 5.0 мустанг или м3? Или барем 335? Колку е разликата таму кај тебе?

Типичен Дени.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #9 на: 05 Мај 2017, 23:22:33 pm »
Infiniti q50s/q50s hybrid
V6 со педигре, може и најдобар V6 моментално на пазарот, заден погон, дизајн боље од бмв ;)

Кој звук вади  ???
Зини да ти кажу.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #10 на: 05 Мај 2017, 23:58:53 pm »
Ako ti go diga V8 sound togas zivees na pravoto mesto da si go napravis keifot. bilo koj V8 :)
Ako se odlucis za BMW F30 probaj kako bezprekorno raboti 8speed automatik pred da zemes manual.
Kako sto si meraklija na BMW ja bi odel na M3 E92 V8l bi trebalo da se uklopis vo 30k.
Preslusaj/pregledaj klipcinja, probaj,  i samo ke ti se kaze :)


Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #11 на: 06 Мај 2017, 04:46:16 am »
В8 е супер ама апсолутно не ми е битно да го има, затоа и ги глеам овие 4 цилиндрашиве со турбо, иако неможам да кажам дека било кој од нив ме има фасцинирано со сила. Имам возено 328и со аутоматик, ама нејкам уште една кола аутоматик.
Инфинити q50 e супер изгледа ама кога ке влезеш внатре толку се осеќа тоа нисанот, неам зборови...
Мустангот или камаро ги земав едино како опција пошто имаат добри мотори добри меначи и погон позади обавезно со механички лимитед слип диференцијал. Инаку неможат да се споредат со квалитетот на ентериерот и рефинираноста на БМВ-то...
А затоа и сакав да лимитирам до 25к, а реално овие што ги размилсувам ке можат да се најдат и за 20-22к, и сепак ке биде кола што ке ја користам за до работа и назад неколку дена во недела, не само за забава.
Инаку ако одев уште 10 нагоре изборот се зголемува многу веке се наогаат 4ки, бмв за тие пари. Камаро може да се најде и тоа ZL1 од 2013 со 580коња, порше можам за 35 да најдам :) ...
https://www.cars.com/vehicledetail/detail/675315114/overview/

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #12 на: 17 Мај 2017, 16:56:12 pm »
Ја гласам за Mustang 5.0 и покрај тоа што сум закоравен BMW вентилатор. Малтене еквивалент на M3 e90/92


Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #13 на: 17 Мај 2017, 17:41:42 pm »
Земи си некој амер,ем доместик ем поефтин за одржување и сл.јес да бемвето е мајка.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Што би купиле - БМВ или...
« Одговори #14 на: 21 Мај 2017, 22:01:52 pm »
Не ми се верува, пред недела две, истото го мислев. Дали мустанг екобуст или БМВ 435и или 335и? Ама најверојатно моја опција ке биде 435и максад и мапуван 400кс. Поефтин мотор за одрживање е од М3 Е90 V8 а иста коњажа.

Во потрошувачка блиску се, само на отворено помалце се троше, плус има еко мод поновите модели за по град. Јас би ти препорачал 328и или може и 330и. Имаше 330ка, знаеш од прилика што е како е, ако ти е за поекономичност, земи 4цилиндри(328и) ако не терај пак 6цилиндри

Истотака имај на ум, гледај кога е правен сервис ова она, да не треба кочници дискови менење или враќана километража. Пошто ако треба менење на кочници и дискови, ојде +1000рче.