Да ја освежам темата. Наместени се 4 зимски гуми - Dunlop Winter Sport 5 (225/55 R17). Набавени од пневматик, преку дилер за гуми од Битола (таква комбинација ми одговараше). Сакав и бандажи да купам, ама тоа ќе остане за иднина. Изборот беше помеѓу Michelin Alpine 6, Goodyear Ultragrip Performance (прво за овие се одлучив, ама само 2 имале на лагер) и Dunlop-от од повисока класа и Sava Eskimo HP2 од средна класа.
Како за зимски гуми се многу тивки. Потрошувачката е скоро иста како и со летните. Кога ќе заврни снег, ќе видиме колку се стабилни.
Досега поминати 10.390 km, средна потрошувачка 8.1 l по борд компјутер.