Денес бев на тест возење на новото Peugeot 208. Го возев Allure моделот опремен со 1.6 е-HDI со 112 коњски сили.
Од тие неколку километри што го провозив позитивно ме изненади колку е подобро од 207-цата. Моторот е сосем таман за него, забрзуваше одлично, компјутерот покажа потрошувачка од 6.5 со постојано стискање. Убаво лежи на пат и е малку помек од конкурентите.
Ентериерот е ОДЛИЧЕН! Внатре е далеку попростран од 207. Седиштата убаво го држат телото и немав осет дека се меки како што напомена Синиша. Воланот одлично лежи на рака, инструмент таблата и централната конзола се ептен ергономски поставени и многу лесно воочливи, само приметив дека кога грее појако сонцето има одблесок од пластиката пред инструмент таблата и малку потешко се чита брзиномерот. Исто така ми се допадна и рачката на менувачот.
За изгледот, во живо изгледа ептен складен и убав. Задниот дел го има шармот на 206-ката. Сепак, предниот дел е малку чуден, но мислам дека ќе се навикнеме на овој дизајн.
Ова се имресии кои ги стекнав по кратка релација на возење. При подолг тест можно е да се стекне подруго мислење. Пристрасен сум кон брендот Peugeot, но моделот не го фалам поради тоа.
Еве ги и цените за македонскиот пазар: