Имам Mazda 3 од 2006 година, но за жал имам само еден оригинален клуч и би сакал да си набавам резервен. Прашав по приватни клучари и ми бараа 300 евра, а во мазда 290 евра. Што ме замисли на почетокот, па по промена на батерија на клучот кој го имам и потребата самиот да си го репрограмирам за да работибарајки на интернет наидов на коментари од типот не давајте пари за клуч кај официјален продавач слободно нарачајте од ebay и сами програмирајте го. Па сакав да прашам дали некој има нарачувано да препорача кој модел на чим ми е потребен или како да го дознаам тоа од клучот кој го поседувам. Инаку цената на клучот на ebay е максимум 50$ за flip key fob, така што ако има и некој клучар кој го чита постов и може да понуди разумна цена со задоволство би прифатил.