Автор Тема: Резервен клуч за Mazda 3 2006 година  (Прочитано 1857 пати)

Отсутен wiksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Резервен клуч за Mazda 3 2006 година
« на: 02 Март 2017, 13:21:53 pm »
Имам Mazda 3 од 2006 година, но за жал имам само еден оригинален клуч и би сакал да си набавам резервен. Прашав по приватни клучари и ми бараа 300 евра, а во мазда 290 евра. Што ме замисли на почетокот, па по промена на батерија на клучот кој го имам и потребата самиот да си го репрограмирам за да работибарајки на интернет наидов на коментари од типот не давајте пари за клуч кај официјален продавач слободно нарачајте од ebay и сами програмирајте го. Па сакав да прашам дали некој има нарачувано да препорача кој модел на чим ми е потребен или како да го дознаам тоа од клучот кој го поседувам. Инаку цената на клучот на ebay е максимум 50$ за flip key fob, така што ако има и некој клучар кој го чита постов и може да понуди разумна цена со задоволство би прифатил.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Резервен клуч за Mazda 3 2006 година
« Одговори #1 на: 02 Март 2017, 15:33:56 pm »
Комшија мој работи со клучеви,продава на големо.Сум одел со него неколку пати и стварно во Скопје е страшно претерано со цени.Во другиве градови се поевтини ама да ти кажам точно цени незнам.Така да мој совет е да се распрашаш по другиве градови.Иначе тој клуч шо ти го продаваат овај го дава за околу 1000-1500 денари е сега мајсторилукот се плаќа ама 300 евра бе нормали ли се тие

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Резервен клуч за Mazda 3 2006 година
« Одговори #2 на: 02 Март 2017, 16:19:04 pm »
Во Веро Центар има еден што прави клучеви, јас си поминав супер со него.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8847
Одг: Резервен клуч за Mazda 3 2006 година
« Одговори #3 на: 02 Март 2017, 16:42:53 pm »
jas imam mnogu dobro iskustvo so deckoto vo Vero Taftalidze, probaj prashaj vidi shto ke ti kaze

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Резервен клуч за Mazda 3 2006 година
« Одговори #4 на: 03 Март 2017, 08:37:51 am »
Јас бев и многу зависи каков клуч е дали е со имобилајзер итн. Тешко дека ќе поминеш поефтино, прашај во официјален.

Мене во Опел ми бараа 200 евра.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен wiksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Резервен клуч за Mazda 3 2006 година
« Одговори #5 на: 03 Март 2017, 12:20:49 pm »
Да да, 300 евра е премногу со оглед на тоа дека комплет клуч со чип на ebay се продава за максимум 50$. Само што незнам како да му проверам фрекфенција и кој модел на чип го користи за да си нарачам сам затоа ми требаше помош.
Баш ќе поминам до веро тафталиџе и ќе прашам, иначе @howitz во официјален сервис на мазда ми побараа помалку пари него ли приватен клучар