Автор Тема: Атестирање на плински уред вграден во странство кај увезени возила  (Прочитано 3479 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Има релативно голема заинтересираност за законските процедури кај клиенти кои увезле возила од странство, а кои се увезени со веќе вграден плински уред, поточно можностите за атестирање на истиот. Луѓето се малку запознаени со можностите кои ги нуди законот. Ние во Плимонт веќе објаснуваме за можните опции на клиенти кои дошле кај нас да се информираат. Заради пошироко информирање, би сакале да отвориме една јавна дискусија каде што член на форумов, ЗоранМане (доколку е расположен да разговара на таа тема) ќе Ви понуди подетални објаснување бидејќи работеше на таа проблематика во институција што е акредитирана од страна на Биро за метрологија.

Отсутен zoranmane

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
За возила кои се увезени од странство со вграден уред ТНГ (плин).
1. Ако возилото е со фабрички вграден уред за ТНГ, во тој случај во документот за хомологација (Изјава за сообразеност) ќе стои дека возилото покрај гориво бензин користи и ТНГ (LPG).Во тој случај ништо не е спорно.
2. Ако возилото има накнадно вграден ТНГ, во тој случај се проверуваат сите елементи од уредот дали ги содржат потребните ознаки и хомологации, односно дали се веќе одобрени од некоја лабараторија европска. Доколку е се како што треба се дава препорака до заводот за стандардизација, која е институција над сите инспекциски тела и генерално ги одобрува или не возилата за увоз, и тогаш се добива одобрение за признавање на уредот.
И во двата случаеви се подразбира дека уредот треба да ги содржи сите потребни елементи за функционирање према производителот на уредот( нешто да не е извадено или несоодветно преправано од некојси) и резервоарот за ТНГ-боцата да не е постара од 10 години(рокот на боцата е 10 год).
Накратко доколку е се како што треба не би требало да има некој проблем.
Иако на почетокот ова не беше пракса, подоцна почна да функционира...

Отсутен zoranmane

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Инаку овој горе најчесто имаше желба да ми ги упати овие ротарачки предмети-уреди кои имаат оштри ивици, директно во мојата фаца.:)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Има релативно голема заинтересираност за законските процедури кај клиенти кои увезле возила од странство, а кои се увезени со веќе вграден плински уред, поточно можностите за атестирање на истиот. Луѓето се малку запознаени со можностите кои ги нуди законот. Ние во Плимонт веќе објаснуваме за можните опции на клиенти кои дошле кај нас да се информираат. Заради пошироко информирање, би сакале да отвориме една јавна дискусија каде што член на форумов, ЗоранМане (доколку е расположен да разговара на таа тема) ќе Ви понуди подетални објаснување бидејќи работеше на таа проблематика во институција што е акредитирана од страна на Биро за метрологија.

Институциите можат да добијат акредитација само од ИНСТИТУТОТ за акредитација, додека бирото за метрологија и самото по себе не е акредитирано :) http://www.iarm.gov.mk/
http://www.isrm.gov.mk/
http://www.bom.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=44&Itemid=66

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
БОМ Сега е во фаза на Акредитација, поминати му се преелиминарните сослушувања. Мислам само дека уште треба да се достават до ИАРМ некој одговори на забелешките и конечно процедурата ќе биде готова.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA