Автор Тема: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi  (Прочитано 3335 пати)

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« на: 22 Февруари 2017, 17:39:55 pm »
Еве ме мене повторно со нова тема, повторно проблем.. топ
Прееска си се вратив од Хјундаи со прекрасни вести дека „највероватно“ дихтунгот на главата е скинат или не знам што, бидејќи имам меурчиња во антифризот и некои остали ствари, али небитно, 85% е дихтунгот на глава отиден. Не можам да го правам сега, тоа е тоа, ама планови да кројам, совети, искуство и знаење да почнам да збирам можам.. :D
Кој имал искуство со рамнење на глава, промена на подизачи или нешто слично, би ценел да сподели совет со мене :D

Колата е Hyundai Santa Fe 2002 CRDi со 83kW или 113 коња со код на мотор D4EA (според интернет) и убави 180.000 поминати.

Листата на проблеми е следна:
1. Моторот има некое „штрачкање“ највероватно од подизач така да тоа би се мењало (не знам дали само тие што се расипани или сите),
2. Највероватно една од дизните „мочала“ али тоа ми се има десено последниве 3-4 возења у последнава недела (нов проблем), на ладно палење се забележува мааалку, па после 2-3 минутки работа е забележително, тресе цела кола како да работи на 3 цилиндри (прво мислев дека е замаец, па последниве неколку пати што се покажа проблемот сфатив дека највероватно не е), па коа ке загрее 10тина минути од прилика - никому ништо работи одлично влече и спие, денес сменив нафта, ставив еуро дизел на лукоил, а порано исто на лукоил, али таа нивната *еко меко дизел како беше?) ама ако ме прашаш мене, ќе го снема проблемов за 2-3 недели (жими се, колава е ненормална -.-).
**Ми текна одкако го напишав постот, дали е можно да работи така моторот пошто „губи“ компресија низ пукнатините на дихтунгот или главата? Па како се загрева дихтунгот да се шири или поместува па да дихтува подобро? Исто прееска во гаража ептеен засмрде на дизел ауспух.. Сум го имал тој мирис и порано**
3. Дихтунгот...

Еден мајстор ми кажа 6000 за отварање и затварање на мотор, со промена на подизачи и слична и остала работа во главата, и толку имам прашано за цени. Каде може и колку кошта рамнење на глава - не знам, делови каде да најдам - не знам (би идел до Блгарска или Грцка евентуално Италија за квалитетни делови) и од прилика тоа е што знам колку ќе ме ошурат.. :(

Дали можам да ја возам со ваков дихтунг ако редовно си дотурам антифриз (а не дека го троши, само го дува низ цревце од казанче), неделно околу 500км? Знам дека не треба.. Ама дали можам, пошто реално морам?

Интересен факт.. Си направив ду ит јурселф модификација за да не ми тече директно на каросерија..
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,16659.msg938340.html#msg938340

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #1 на: 22 Февруари 2017, 18:06:44 pm »
Само рамнење на глава е до 600 до 1000ден зависи која работилница ќе ти ја рамни,ние работиме вакви работи ако си заинтересиран можеш да ме исконтактираш во пп.

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #2 на: 22 Февруари 2017, 18:08:54 pm »
Само рамнење? Што друго се прави?

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #3 на: 22 Февруари 2017, 19:36:07 pm »
Се полира се радилици брегасти цилиндри зависи колку сакаш да го растуриш моторот и колку пари си спремен да потрошиш.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #4 на: 22 Февруари 2017, 20:24:37 pm »
Нудиме услуги од парцијални поправки до фулл ремонт,како што кажа клен зависи што сакаш да се прави и што е неопходно да се прави на моторот за да си функционира како што функционирал предходно.

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #5 на: 22 Февруари 2017, 20:54:10 pm »
Аха, зошто би се полирале брегасти? Инаку мислам дека долен дел на мотор е добар, па не би сакал да го чачкам беспотребно, ако искочи нешто со тоа, отом потом.. А зошто би се полирала брегаста? Сакаш да кажеш да не е изгребана од подизачи или нешто слично?
@Влатко, имаш линкче? :D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #6 на: 22 Февруари 2017, 20:56:03 pm »
Нема потреба од полирање на ништо,ако моторот не ти е со голема километража јас ни вентили не би растурал,само рамнење,испитување и нов дихтунд и вози мишко,секако кога е веќе отворен горниот дел убаво е да се проверат сите елементи дали се во толеранција на дозволеното,од што линк сакаш?

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #7 на: 22 Февруари 2017, 21:08:04 pm »
Па работилницата.
Инаку кога веќе е отворена главата сакам да се осигурам дека нема да треба да се отвара уште следните 15 години и баааарем следните 180.000 километри
Значи како што реков, подизачи мора да се мењаат, а не знам дали тоа повлекува други работи? Гумици на вентили да чачкам или не? Не знам дали ако ги сменам, сменетите колку ќе траат.. :/

едит: уште некое километарче и 177.777 ќе ги направам :D Инаку не знам дали мења нешо, уље е мењано на секои (помалку) 5000 километри, ваљда би требало да е во подобра состојба моторов... :D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #8 на: 22 Февруари 2017, 21:12:27 pm »
Нема линк дојди на лице место ако сакаш ќе напрајме муабет и цена,иначе ако сакаш да си мирен наредни 15 години прави целосен ремонт,колку има поминато возилото,гумици е грев да не смениш коа ти е отворена главата веќе,исто така вентили и сицови да се обработат,све зависи од тоа колку ти е длабок џебот или дугачка чергата.

Отсутен Opelvectra

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #9 на: 14 Април 2017, 20:57:16 pm »
Vaka na forumov me donese problem i tuka sum po sovet ili nekoj clen so slicen problem.
Imam Hyundai Santa Fe 20DHCI 2002 pominato 140000 redoven serviz ulje kaishi no od skoro mi se javuvaat dva problemi koj mi zadavaat glavobolki
Prviot ima problem so palenje Ladnoto palenje i e ok posle dva verglanja pali no dokolku ja vozam podolgo od polovina saat posle ja ugasam nejke da zapalu za ziva glava samo vergla ko da ne go prepoznava kodot na klucot.
Vtoriot problem e sleden
Se javuva nekue cukanje okolu motoroto onaka iritiracko cukanje
Sovet molim

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #10 на: 16 Април 2017, 01:31:46 am »
@Opelvectra Сензор на радилица. Го имав истиот проблем на Alfa-та.

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #11 на: 16 Април 2017, 12:38:44 pm »
Vaka na forumov me donese problem i tuka sum po sovet ili nekoj clen so slicen problem.
Imam Hyundai Santa Fe 20DHCI 2002 pominato 140000 redoven serviz ulje kaishi no od skoro mi se javuvaat dva problemi koj mi zadavaat glavobolki
Prviot ima problem so palenje Ladnoto palenje i e ok posle dva verglanja pali no dokolku ja vozam podolgo od polovina saat posle ja ugasam nejke da zapalu za ziva glava samo vergla ko da ne go prepoznava kodot na klucot.
Vtoriot problem e sleden
Se javuva nekue cukanje okolu motoroto onaka iritiracko cukanje
Sovet molim
И мене едно време ме зезаше така, али во мојот случај беше имобилизаторот, под стрелката за гориво има жолта сијаличка како кола со клуч, ако не свети таа сијаличка џабе верглаш.
А инаку за тропкањето кај мене сум забележал 3 работи, тропање од затегачи, се реши со голем сервис, и подизачи или клацкалици, сите се поврзани само со вртежите. Ако се решиш за поправка кажи ми каде - што - како.

Отсутен Opelvectra

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #12 на: 16 Април 2017, 13:44:12 pm »
Abe jas skoro menjav rebrast moze da utnal li toj na zabcite

Отсутен Opelvectra

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #13 на: 18 Април 2017, 13:45:32 pm »
Dajte nekoj seriozen servis za predlog

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Менување на дихтунг Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi
« Одговори #14 на: 18 Април 2017, 15:16:40 pm »
a зошто не пробаш во официјалниот? скапи се премногу или имаш полошо искуство?