Автор Тема: Мислење за 147 2006г  (Прочитано 8646 пати)

Отсутен Bozolor1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Мислење за 147 2006г
« на: 06 Февруари 2017, 02:33:46 am »
Знам дека на повекето од вас ви е преку глава за давање на мислење , ама морам да го поставам/прашам следново загреан сум многу за алфа 147 дизел , дизајнот ми е прејак спортско младелачко без спојлери мојлери такви ствари , сток верзија ама спортска конкретно за ова станува збор https://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%9A%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%9F%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/Alfa%20Romeo/Alfa%20147/ALFA-ROMEO-147-1-9-JTD-Mc120KSc/2545805
- Дали некој поседува вакво дизел возило и да ми каже како се со делови пошто од сопственици на алфа ми рекоа дека одржувањето е исто како и другите коли а од други луѓе пак слушнав дека се мачка у вреќа , што ме мати малце у мисливе дали ова возило е добро...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #1 на: 06 Февруари 2017, 08:40:13 am »
Јас имам иста ваква. Само со поубај бандажи.

Ајде од почеток.
Супер количе. Доста забавно за возење и супер мотор.
Одржувањето ти е нормално за таа класа на кола. Делови имаш за секој џеб. Сакаш турски, кинески и италијански оргинал. Исто така имаш и доста продавници од каде можиш да купиш што сакаш.
Како што можиш да заприметиш ги има веќе на секој чекор, така да и половни делови имаш колку сакаш.
Овај модел е ист скроз со 147 пред фејслифт, со ГТ и 90% сличен со 156.

За состојбата конкретно на ова на огласот, изгледа ок од слики. Моторот е чистен, џам го има напраено. Ова е со најниска опрема колку што можам да видам.
Позади има рачки за прозорите и нема вентилација за задните патници.

Пробај да најдиш некој со повеќе опрема, ако тоа ти е битно.

Најдобро е да ја однесиш на мајстор што ги разбира алфиве и да ти кажи каква е состојбата на оваа.

Најнежни се 147 на предницата. Има комплицирана предница од повеќе делови и знаат да се оштетат.
Значи проверуваш предница комплет. Летва провери обавезно. 
На нерамен пат, на дупки не смее да крцка, шкрипи или да тропка.

Провери да не течат некои течности.

Кај моторот нормално провери ја турбината, и сите црева што одат до неа и од неа до моторот. Цревата знаат да пукнат. Па ќе шушти и ќе нема сила како што треба.
Другото е генерално ситници.

Ако нешто те интересира конкретно, прашај си слободно.

п.с. нема климатроник - двозонски како што пишал овај во огласот.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #2 на: 06 Февруари 2017, 10:13:55 am »
Провери турбина дали е добра, одприлика на 1800 треба да повлече јако, или ако можеш
на тестер да ја ставиш, инаку моторите немаат проблеми.
Оваа е 8 вентилска, што значи одма смени каиши затезачи и водна пумпа, да е 16 вентилска
не треба многу да се секираш, пошто ако скине каиш 16V, криши клацкалици и поправката е околу
100-150 евра, кај 8V мотори, крши клипови и вентили  :'( :'( :'(.
Значи само промена на каиши у старт, проверка на предница и тоа е тоа.
Добиваш кола со мотор со комонреил пумпа за гориво, која кај групацијата WV, е ставена во
Голф 5 или Голф 6.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #3 на: 06 Февруари 2017, 11:18:03 am »
Провери го моторот од доле. Дали има некакво течење масло или антифриз.


Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #4 на: 06 Февруари 2017, 13:46:44 pm »
Седни во неа запали ја и вози. Ако уживаш, е тогаш носи ја мајстор да ја провери убаво како што кажаа членовите погоре и колку ќе те чини за да знаеш дали џебот ќе ти дозволи да ја возиш.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #5 на: 06 Февруари 2017, 15:02:33 pm »
Супер количе, јас го имам pre-facelift моделот!

Однеси ја кај Жаре на проверка, тој знае што се треба да види.

Што се однесува до моторот, го имам во две коли и намерно го одбрав за втората (Zafira 1.9CDTI) бидејќи од Алфата сум презадоволен.

Отсутен Bozolor1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #6 на: 06 Февруари 2017, 23:49:01 pm »
Супер количе, јас го имам pre-facelift моделот!

Однеси ја кај Жаре на проверка, тој знае што се треба да види.

Што се однесува до моторот, го имам во две коли и намерно го одбрав за втората (Zafira 1.9CDTI) бидејќи од Алфата сум презадоволен.

Остај ми бројче од тој Жаре и кажи ми каде се наоѓа, фала ти

Отсутен Bozolor1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #7 на: 06 Февруари 2017, 23:49:52 pm »
Провери турбина дали е добра, одприлика на 1800 треба да повлече јако, или ако можеш
на тестер да ја ставиш, инаку моторите немаат проблеми.
Оваа е 8 вентилска, што значи одма смени каиши затезачи и водна пумпа, да е 16 вентилска
не треба многу да се секираш, пошто ако скине каиш 16V, криши клацкалици и поправката е околу
100-150 евра, кај 8V мотори, крши клипови и вентили  :'( :'( :'(.
Значи само промена на каиши у старт, проверка на предница и тоа е тоа.
Добиваш кола со мотор со комонреил пумпа за гориво, која кај групацијата WV, е ставена во
Голф 5 или Голф 6.


Мхм значи сакаш да кажеш да се фокусирам на 16V? или не те сфатив најдобро..

Отсутен Bozolor1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #8 на: 06 Февруари 2017, 23:55:48 pm »
Јас имам иста ваква. Само со поубај бандажи.

Ајде од почеток.
Супер количе. Доста забавно за возење и супер мотор.
Одржувањето ти е нормално за таа класа на кола. Делови имаш за секој џеб. Сакаш турски, кинески и италијански оргинал. Исто така имаш и доста продавници од каде можиш да купиш што сакаш.
Како што можиш да заприметиш ги има веќе на секој чекор, така да и половни делови имаш колку сакаш.
Овај модел е ист скроз со 147 пред фејслифт, со ГТ и 90% сличен со 156.

За состојбата конкретно на ова на огласот, изгледа ок од слики. Моторот е чистен, џам го има напраено. Ова е со најниска опрема колку што можам да видам.
Позади има рачки за прозорите и нема вентилација за задните патници.

Пробај да најдиш некој со повеќе опрема, ако тоа ти е битно.

Најдобро е да ја однесиш на мајстор што ги разбира алфиве и да ти кажи каква е состојбата на оваа.

Најнежни се 147 на предницата. Има комплицирана предница од повеќе делови и знаат да се оштетат.
Значи проверуваш предница комплет. Летва провери обавезно. 
На нерамен пат, на дупки не смее да крцка, шкрипи или да тропка.

Провери да не течат некои течности.

Кај моторот нормално провери ја турбината, и сите црева што одат до неа и од неа до моторот. Цревата знаат да пукнат. Па ќе шушти и ќе нема сила како што треба.
Другото е генерално ситници.

Ако нешто те интересира конкретно, прашај си слободно.

п.с. нема климатроник - двозонски како што пишал овај во огласот.

Каде може да се најдат делови поточно? фала ти/ви за објаснетово на тебе и на сите други морав да се консултирам колку толку не е само купи , треба да тера бар 5 години :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #9 на: 07 Февруари 2017, 00:44:35 am »
се наога позади стаклара јави му се пред да отидеш ке ти објасни
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #10 на: 07 Февруари 2017, 11:13:31 am »
Супер количе, јас го имам pre-facelift моделот!

Однеси ја кај Жаре на проверка, тој знае што се треба да види.

Што се однесува до моторот, го имам во две коли и намерно го одбрав за втората (Zafira 1.9CDTI) бидејќи од Алфата сум презадоволен.

Остај ми бројче од тој Жаре и кажи ми каде се наоѓа, фала ти

Локација на сервисот на  Жарко  :  41.962332, 21.473169


Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #11 на: 09 Февруари 2017, 14:26:19 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2368750 вујко ми ја продава, колку што можам да видам има повеќе опрема од таа за која што прашуваш. Врти на 078 250 488 ако си заинтересиран.
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #12 на: 09 Февруари 2017, 14:37:34 pm »
Пууу за евро топ е ;D

Поздрав Марио ;)
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #13 на: 09 Февруари 2017, 14:58:58 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2368750 вујко ми ја продава, колку што можам да видам има повеќе опрема од таа за која што прашуваш. Врти на 078 250 488 ако си заинтересиран.

- рачка на врата од надвор скршена
- копчиња на волан излижани
- папуча за кумплуг ја нема
- патосница возачка изедена
- овај мотор не доаѓа со 6 брзини, доаѓа со 5

толку од слики, во живо повеќе.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Мислење за 147 2006г
« Одговори #14 на: 09 Февруари 2017, 15:43:44 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2324606


Од човеков ја купив мојата.  Не неколку пати имам спомнувано дека бев задоволен како муштерија.

Провери ја.