Автор Тема: Проблем со дихтунг на глава на citroen c4 1.4  (Прочитано 6186 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Проблем со дихтунг на глава на citroen c4 1.4
« Одговори #15 на: 30 Јануари 2017, 23:05:41 pm »
Се работи за пежо 206 1.4 8 вентилски мотор со 75 коњи. Пред 2-3 месеци забележав дека нема антифриз во садот и дотурив цел литар, после месец дена пак фалеше дотурив уште пола литар и сега скоро ја дотурив и другата половина. Деновиве забележав мајонез на капачката за дотур на масло и антифризот е мрсен, не сум бил на механичар ама 99% сум сигурен дека е отиден дихтунгот на главата. Ме интересира што ќе ме советувате, колата има 220000 километри, заменет е ребраст каиш комплет со затегач и водна пумпа пред 15000 километри. Дали да одам на варијанта ремонт да ги заменам сите дихтунзи, да заменам карики, гумици на вентили, да го рамниме блокот или да го менувам само дихтунгот, дали ќе морам да заменам и ребраст каиш, маслото и антифризот претпоставувам дека ќе морам да ги заменам пошто се контаминирани. Отприлика колку би ме коштала оваа операција и дали е попаметно да барам половен мотор зошто не сум многу сигурен во мајсториве во Охрид и не знам колку успешно ќе ја завршат работата, да не испадне да ги потрошам парите и после пак да барам половен мотор.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со дихтунг на глава на citroen c4 1.4
« Одговори #16 на: 31 Јануари 2017, 22:45:13 pm »
ќе си извадиш главата, ќе смениш дихтунг, семеринзи на вентили и брегаста, ако треба ќе се израмни глава, ќе смениш антифриз и улје со филтер, претпоставувам колата не ти троше улје така да немаш потреба од карики, ребраст истиот ќе си остане, не се бара мотор за овој дефект, чест дефект е, ако те друго нешто интересира прашувај ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Проблем со дихтунг на глава на citroen c4 1.4
« Одговори #17 на: 01 Февруари 2017, 00:01:10 am »
убаво ти кажа скорпион, само обавезно рамнење на главата, тоа што ти фалел антифриз можда е и причинител на овај проблем што го имаш сега, така да би го проверил целосно системот за ладење да не тече од некаде(радијаторчето од парното, црево некое...)

незнам како е кај тебе ладњакот(тураш директно в ладњак антифриз или има посебен сад) ако нема посебен сад смени го капачето на ладњакот.