Автор Тема: Проблем со вакум пумпа на Citroen Xsara 1.9 TD  (Прочитано 1232 пати)

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Проблем со вакум пумпа на Citroen Xsara 1.9 TD
« на: 22 Јануари 2017, 00:46:35 am »
Вечерва при возење на колата почна да свети ламбичето за ниско ниво на масло во моторот. Само неколку секунди послем тоа се запали и црвеното ламбиче за низок притисок на маслото и црвениот "STOP" правоаголник.

Паркирам на страна, гасам мотор и отворам хауба и има што да видам, задниот дел од моторот покриен со масло цел, испрскано на сите страни. Веднаш си помислив дека е турбото или цевката што му носи масло на осовина ама колку што можев да видам немаше тука течено.

Му се јавувам на мајсторот што ја сервисира колата и нема да му заборавам што дојде на 10-тина километри од Прилеп за нецели 20 минути. Носеше и некој три литри масло со него ставивме во моторот и ја запаливме колата. И сеа гледам од вакум пумпата горе тече масло како од тубе да тураш, значи на нејзе дупка има можда 1 см во пречник. Ме шлепаше до кај него и ќе се види што и како со пумпата утре.

Мене ми е како е можно значи толкава дупка да се отвори на вакум пумпата. Колава не беше ни прегреана ни малтретирана, ни пак смени звук или нешто. Работи перфектно моторот само шо тече масло ко лудо од тоа дупката.

Јас реално првпат со ваков проблем се среќавам. Како е можно толкав притисок во пумпата да се створи за да избие и на куќиштето нејзино да се отвори дупка  ???