Јас следам. И не можиш без нервоза да следиш натпревар. Непредвидливи како и увек, притисок да ти се крени. Против Тунис и Ангола победија, ајде, за убоо, со Тунис потешко, Ангола ги смачкаа. Дојде ред со Словенија. Патосот го збриша Словенија со Македонија, а ко дојде ред да игра Словенија со Тунис, одвај нерешено извадија Словенците, за малку ќе изгубеа. Вчера со Шпанија, прво полувреме стигна до позитива од 3 гола, за на полувреме да заминат нерешено и да почнат да плачат шпанците пошто е срамота да изгубат од Македонија, нормално, кој ја познава Македонија... за во второ полувреме судиите мамето да и го плачат на Македонија. Нејсе, прее Шпанија патосо го бришеше со Словенија (пак да нагласам, таа патос бришеше со Македонија). Со Исланд денес, арно почна ама после си иба мајката па со триста маки македонија да извлечи нерешен резултат. Абе ги бива, стварно се добар противник, на Шпанија и ги стресоја гаќите, ама како што кажав, непредвидливи се, де тапа се, де супер се, дури и ептен атрактивни потези пријавуваат...
Во глобала, нервозно е, али и забавно, нормално, тоа е и целта на целата свецка шарада
