Автор Тема: Кодирање на нов клуч - Astra H  (Прочитано 7300 пати)

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Кодирање на нов клуч - Astra H
« на: 18 Јануари 2017, 23:02:13 pm »
Здраво дечки,

Ми треба информација за тоа каде во Скопје може да кодирам клуч за Opel Astra H?

Поконкретно, клучот е купен од Ebay, ќе биде изрезбан за да одговара со оригиналниот, и само останува да се кодира за да може да работи електрониката. Поради тоа ме интересира каде може да го однесам за да ми го искодираат? Доколку има некој што работи со OPCOM и би сакал да ми направи услуга за кодирање, би било уште подобро, секако за одреден надоместок за кој што ќе се договориме.

Колку за информација клучот изгледа вака: https://ae01.alicdn.com/kf/HTB1BO27KVXXXXX7XXXXq6xXFXXXR/2-Button-Uncut-Folding-Flip-Remote-Key-Shell-Fob-Case-Cover-For-Vauxhall-Opel-Astra-H.jpg_640x640.jpg


Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #1 на: 19 Јануари 2017, 10:33:02 am »
Оди кај клучарот во Веро-Џамбо, ќе ти го искодира клучот, (ќе го клонира), со истиот ќе пали,
но неможе да ти направи електроника -отклучување, заклучување. Кај нив и ќе го изрежат.
Башка најевтин е.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #2 на: 19 Јануари 2017, 12:31:42 pm »
Фала за одговорот :)

Само да појаснам, клучот има во него чип т.е плоча на која што е сместен чипот, така да мене ми треба да се кодира за да можам да ги користам и функциите за отклучување/заклучување покрај пали/гаси на колата.

Деновиве ќе одам во Веро Џамбо да видам што ќе ми каже дечкото што работи таму.

Секако, и други предлози/сугестии се добредојдени.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #3 на: 19 Јануари 2017, 12:35:10 pm »
Vero dzambo ili vero taftalidze ???
I vo toa vero ima klucar ili istiot e ?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #4 на: 19 Јануари 2017, 13:09:53 pm »
Фала за одговорот :)

Само да појаснам, клучот има во него чип т.е плоча на која што е сместен чипот, така да мене ми треба да се кодира за да можам да ги користам и функциите за отклучување/заклучување покрај пали/гаси на колата.

Деновиве ќе одам во Веро Џамбо да видам што ќе ми каже дечкото што работи таму.

Секако, и други предлози/сугестии се добредојдени.

Пиши им на bubeqwerty и Carpathian Lord (членови на форумот), мислам дека имаат Опком (бубе сигурно има :)), па ако можете да договорите нешто...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3896
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #5 на: 19 Јануари 2017, 13:13:36 pm »
За истово веќе се интересирам некој период... Имам клуч, со чип, со све, само да го исече и програмира/кодира. Без електроника за далечинско...

Знаете од прилика цена ориентационо?

Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Одг:
« Одговори #6 на: 19 Јануари 2017, 14:00:57 pm »
Okolu 2 bona  :) jas prasav letoska  zavisi kolku kopcinja ima dalinskoto 2-3-4 . Vo vero taftalige


Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #7 на: 19 Јануари 2017, 15:03:41 pm »
Нели може само да го кодираш клучот преку колата,јас на бмвто само го кодирав,го ставаш клушот палиш на прва позиција го вадиш го држиш копчето за заклучување и дур држиш стискаш 3 пати на отклучување и клучот е кодиран,колата ќе се заклучи и отклучи како потврда,ако имаш 2 или три клуча истата процедура во рок од 30 секуниди после првиот клуч па наредниот и така,1000 денари за кодирање ми бараа мене.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #8 на: 19 Јануари 2017, 15:54:18 pm »
За така да кодираш треба да имаш имобилајзер искодиран на клучот.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #9 на: 19 Јануари 2017, 15:56:38 pm »
Нели може само да го кодираш клучот преку колата,јас на бмвто само го кодирав,го ставаш клушот палиш на прва позиција го вадиш го држиш копчето за заклучување и дур држиш стискаш 3 пати на отклучување и клучот е кодиран,колата ќе се заклучи и отклучи како потврда,ако имаш 2 или три клуча истата процедура во рок од 30 секуниди после првиот клуч па наредниот и така,1000 денари за кодирање ми бараа мене.

Реално и јас претпоставував дека може така, меѓутоа бидејќи ова е нов клуч кој што не е кодиран, најверојатно ќе треба или преку OPCOM или на клучар.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #10 на: 19 Јануари 2017, 16:20:17 pm »
Ќе си го префрлиш од фабричкиот клуч тоа курето.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #11 на: 30 Јануари 2017, 09:28:33 am »
Проблемот е решен. Бев до Тетово успатно, и клучот го изрежав за 300 денари кај локален клучар. Потоа, отидов до Auto CEM и таму ми го кодираа клучот за 500 денари во рок од 15-тина минути. Се на се 800 денари за режење и кодирање, наспроти вртоглавите суми што скопскиве клучари ги бараат (на пр. 2500 - 5000 денари) и тоа за нецели 15 минути работа.

Мој совет, доколку некој има ситуација како мојата, сигурно повеќе ќе му се исплати да оди до Тетово и да си заврши работа таму.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1015
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #12 на: 30 Јануари 2017, 10:22:17 am »
Баш јас од Опел Вектра изгубив клуч пред некое време и ми бараа 2700 за нов клуч со код. Фала за советот, ке си порачам и јас од Ebay.

Присутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг:
« Одговори #13 на: 30 Јануари 2017, 10:28:57 am »
Имам јас клуч од опел вектра (мислам дека е од вектра) ке ти го сликнам кога ке дојдам од работа  ако ти врши работа ке ти го дадам

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Кодирање на нов клуч - Astra H
« Одговори #14 на: 30 Јануари 2017, 10:56:01 am »
Проблемот е решен. Бев до Тетово успатно, и клучот го изрежав за 300 денари кај локален клучар. Потоа, отидов до Auto CEM и таму ми го кодираа клучот за 500 денари во рок од 15-тина минути. Се на се 800 денари за режење и кодирање, наспроти вртоглавите суми што скопскиве клучари ги бараат (на пр. 2500 - 5000 денари) и тоа за нецели 15 минути работа.

Мој совет, доколку некој има ситуација како мојата, сигурно повеќе ќе му се исплати да оди до Тетово и да си заврши работа таму.

Веро тафталиџе, младо дечко еден работи ѕвер е. ке ти заврши работа за исто или помалце од тоа што си платил и не се исплати кога можеш и во скопје :D