Автор Тема: Потребен ми е совет!!!  (Прочитано 15306 пати)

Отсутен Passat4e

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
  • Peugeot 1.9 Diesel .!.
Потребен ми е совет!!!
« на: 04 Јануари 2017, 01:37:31 am »
Поздрав дечки сакам да прашам нешто за совет доколку може да ми даде некој кој е повеќе упатен пред 2 дена несакајки изгребав возило со странски таблици во Тетово излегов од моето возило за да видам колкава штета сум направил и решив да го чекам да дојде  сопственикот на истото. Но по подолго време никој не дојде па решив да си одам но бев сигурен дека некој ме има видено и знаев дека кај и да е ке заѕвони телефонот и сопственикот на возилото ке ме побара.Тоа и се случи тој ме побара за да се договориме за оштетата но од муабет со мој колеги и блиски пријатели дознав дека Европски записник не може да се направи за возило со странски таблици иначе штетата ја направив со службено возило од работа и материјалната штета не е голема но сепак сопственикот сака да му се надомести некој совет и чаре што понатака фала ви однапред. ??? ??? ???

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #1 на: 04 Јануари 2017, 01:50:07 am »
Тој треба да има нешто од типот на зелен картон. Тоа него ќе го покрие. Јави се прашај во осигурителната компанија кај што осигуран ќе ти кажат. Нема потреба да се сеќираш, мора да те покријат.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #2 на: 04 Јануари 2017, 08:11:57 am »
Мора полиција да се викне на лице место, европски не се прави ако едно од возилата е со странски таблици. Сега сака оштета да му се надомести ама може само кур со јајца да јаде веќе.

Sent from my Huawei P9


Отсутен Passat4e

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
  • Peugeot 1.9 Diesel .!.
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #3 на: 04 Јануари 2017, 10:40:11 am »
Лошото е тоа што додека го чекав не ми текна да ја сликам неговата кола за да имам во предвид колкава е штетата тој сега може да ја доизгребе за да извлече повеќе пари по телефон се слушнавме и типот сега сака пари на рака ама штетата е направена со службено возило не со моето.А и наводно како што ми кажа тој имал потполнето записник и пријавено во полиција требало само јас да дојдам и да сум потпишел ??? ??? ??? ??? сега се чудам за каков записник станува  збор кога Европски не може што може понатака да се превземе?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34147
  • Таков е животот... јебига
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #4 на: 04 Јануари 2017, 10:50:45 am »
Си требал да ја сликаш неговата кола бате.
Тетовците такви се пара на рака, ко тоа така да се прави во цивилизираниот свет.
Најдобро што би можел да направиш е да видиш со твоето осигурување, пошто ти си причинил штета. Ако тој има зелен картон тогаш нема никаков проблем. Види прашај во полиција каков е тој записник што го направил тој.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #5 на: 04 Јануари 2017, 11:10:30 am »
Нејасно, прво како те нашол, или те нашол по името на фирмата (возилото) ?

Не верувам дека некој намерно ќе оштети кола зошто ти веќе претходно знаеш како е оштетена. Не може да те праи луд.

Или ќе му платиш оштета или ќе се правиш чукнат сега. Да викне полиција нема муда тој пошто процедурата е огромна, плус на странски таблици е.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #6 на: 04 Јануари 2017, 11:20:34 am »
Прво вака!

Полицијата не ти може ништо, бидејќи полицијата не била на лице место кога се случило тоа што се случило.

Ти гарантирам дека не можи НИШТО полицијата да направи, ако не се појавила на лице место кога возилата уште не беа поместени.


Можеби сакаат да изнудат од тебе изјава дека си го направил делото, па со тоа да те натераат да платиш, т.е. се надевам осигурителната компанија.

Она што ти е најдобар совет сега е да се јавиш во осигурителната компанија, објасни им ја ситуацијата, сигурно има некој од таму што ќе ти поможи.

Реално постои процедура ти да пријавиш дека си направил штета и преку увид во осигурентелната компанија ќе направат проценка и исплата на човекот.

Тој треба да има зелен картон и да го приложи.


Јас знам пред 3-4 години, другар така го удрија во Банско. Си имаше зелен картон, пријавија записник во бугарската компанија, направија увид Бугарите и на крај само приложи трансакциона сметка каде сака парите да му бидат префрлени. Доста брзо (ако не веднаш) го исплатија. Знам дека Пунтото го среди по една недела откако се случи тоа.
Рече дека немало никакви проблеми.

Отсутен Passat4e

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
  • Peugeot 1.9 Diesel .!.
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #7 на: 04 Јануари 2017, 11:25:58 am »
Како што тој кажа ме има видено некој и му кажале а и возилото е брендирано се работи за Камион го чекав едно 40 мин по што се одлучив да си одам пошто бев сигурен дека ке ме најде  дека возилото е брендирано.Е сега дечкото сака да се договориме за пари на рака и штетата наводно коштала 300-400евра али пари на рака нема да добие затоа што штетата е направена со службено возило го прашав дали има ЗЕЛЕН КАРТОН  кажа дека има што понатака.Дали осигурителната компанија каде што е осигуран камионот може да е покрие штетата и покрај тоа што возилото е на странски таблици? ако не што понатака дали има некој искуство со ваква работа или некој подобро упатен.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #8 на: 04 Јануари 2017, 11:27:54 am »
Паше, место да дремиш и да бараш совет овде, што те кошта да се јавиш во осигурителната компанија.

Јави се речи, удрив возило со странски таблици, не успеав да го најдам во моментот сопственикот сакам да се покрие штетата.

Ќе ве викнат на увид во осигурителната компанија, ќе пополните тоа што треба да се пополни, ќе си приложи типот зелен картон и ајт создравје.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #9 на: 04 Јануари 2017, 11:33:48 am »
400 евра ?!

Откорнат браник или изгребан ?
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Passat4e

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
  • Peugeot 1.9 Diesel .!.
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #10 на: 04 Јануари 2017, 11:35:21 am »
Паше, место да дремиш и да бараш совет овде, што те кошта да се јавиш во осигурителната компанија.

Јави се речи, удрив возило со странски таблици, не успеав да го најдам во моментот сопственикот сакам да се покрие штетата.

Ќе ве викнат на увид во осигурителната компанија, ќе пополните тоа што треба да се пополни, ќе си приложи типот зелен картон и ајт создравје.
Сега одам на работа 2-ра смена друже имам тура за Тетово таму ке се сретнам со дечкото и ке видам што ке направам него сакав да ме советува и да ме упати некој што знае повеќе да беше причинета штета на возило со наши таблици знам што треба да превземам ова дека е со странски не знаев дали е иста процедурата.

Отсутен Passat4e

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
  • Peugeot 1.9 Diesel .!.
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #11 на: 04 Јануари 2017, 11:37:33 am »
400 евра ?!

Откорнат браник или изгребан ?
Не е браник Гепек е изгребан и малку набиен иначе се работи за Ауди а4 понов модел регистриран на Италијански таблици.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #12 на: 04 Јануари 2017, 11:48:28 am »
ма какви пари, те лаже да ти земе пари, ако е осигуран неговата осигурителна компанија ќе му покрие штета, ти не треба да му даваш нему пари, ако не му е осигурана, тогаш ако ТИ сакаш да испаднеш “фер“ да му платеш оштетата, ти ке си ја носеш каде сакаш да му платеш, АМА и немораш, тоа си е негов проблем, ти сигурно не си сакал да му го направиш тоа, ама можеш ако сакаш да се распрашаш со твојата осигурителна компанија

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #13 на: 04 Јануари 2017, 11:55:30 am »
Тој со италијанските не може да влезе во државава ако нема зелен картон. Така што џабе си ја чукаш главата. Пак ке ти речам. Правец во осигуретлната кај што ти е осигуран камионот тие ќе ви кажат што како.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Потребен ми е совет!!!
« Одговори #14 на: 04 Јануари 2017, 13:22:41 pm »
Bez zapisnik od policija osiguritelnata kompanija nema ni da razgovara so tebe, vidi ako imas majstor  svoj neka mu go sredi gepekot. Vo kam ili oli sped vozis ?