Автор Тема: Искуства со плин на Авео (2006, 1.2)  (Прочитано 1646 пати)

Отсутен Парсивал (Бојан)

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Искуства со плин на Авео (2006, 1.2)
« на: 12 Декември 2016, 15:09:45 pm »
Здраво Дечки,

Да го сефтосам форумов со едно прашање: првпат купувам кола и многу сум блиску до купување на Авео од 2006, 1.2 мотор со 72 коњски сили. Колата има вградено атестиран плин, и околу тоа ми е и прашањето до вас. Дали вградување на плински уред на оваа кола и модел и мотор има негативни последици (освен очекуваните - намалување на моќноста на моторот и помал простор за багаж)? Дали има опасност од појавување на мирис на плин и генерално какво е искуството со возење на плински уред? Исто така, дали плинскиот уред може да се демонтира и дали тоа има негативни последици кон возилото/моторот? И се разбира, дали има опасност од тоа да имплодирам додека возам :)  Па, кои се вашите искуства?

Веројатно прашањава се аматерски, ама и ја сум аматер кога станува збор за коли :)

Фала ви и поздрав,

Бојан

п.с. алтернативи ми се хјундаи гец од 2006 со плин (1.4 мотор со 90 кс возена за сопствени потреби) и шкода фабиа од 2007 (1.2 мотор со 60 кс), без плин.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со плин на Авео (2006, 1.2)
« Одговори #1 на: 12 Декември 2016, 15:20:49 pm »
Друже Персивале-Бојане,

Ако есе исправно со плинската инсталација не може да се појави мирис на плин, и не можеш да имплодираш (хахахаха).
Последици по моторот нема да има освен ако не знаеш да возиш на плин. На плин не смееш да го оптеретуваш моторот (возење со педалата до крај на долги релации и на голем број на вртежи над 3500) затоа што плинот има повисока температура на согорување од бензинот и постои можност да ги изгори вентилите и целиот издувен систем. Не мораш да демонтираш ништо, можеш да возиш и со пасивен уред и со извадена боца.

И Авеото и Гецот и Фабиата се со мотори кои добро се однесуваат на плин доколку се возат во рамките на погоре опишаното. Исто така приоритет е проверка на електриката во возилото, значи исправни свеќици, кабли и бомбини.

Иначе гајле немаш. Возиш евтино и не се мислиш многу за трошокот. На 30.000км ќе менуваш филтри за плин од по 1200 денари и тоа е.