@KaZaN сличен порблем имаше другар со голф 5 ка али колку што ме држи памтење заврши само со промена на акомулатор и четкици мисалм во алансер ама не сум сигурен
Вон темава со проблемот досега вака генерално како си задоволен пред се од моторот дали би го препорачал или би го заобиколил во иднина дека гледма и астра х е со истиот мотор и се тоа некој скриени потенцијални порблеми и големи дефекти си имал кој би ги издвоил или сервис само, зошто ја излистав темава ништо страшно не прочитав а доста се зборени моториве?
четкици се мењани сега пролетва/летово. Анласерот и алтернаторот се репарирани и двата и се елиминирани како проблем. акумулаторот е ок.
така да останува греачи, сензор на радилица или регулатор на притисок во гориво. едно од тие се у фаза на рикнување, ќе видиме што ќе откаже.
ако ме прашаш мене, немам причина зашто да не го препорачам. јас сум задоволен. на астра х е малце поекономичен, малце побрз (прво ради тежината на самата кола и формата на истата). меривава е малтене коцка, 1400кг тешка.
се што сум имал дефект сум пишал тука, ете и си прочитал. реално околу моторот не сум ни имал некоја интервенција. масло не троши (барем не кај мене), од прв ден до сега е ставано масло GM 5w30. малце е побучен од конкурентите со слично годиште, малце поспоро загрева до работна температура, солиднен на брзина (убаво тегне и на угорница, и да поминеш некој на отворено), солиден со потрошувачка (7-8л/100км градска). шо знам што друго, тоа е тоа.
ако ме прашаш дали би го одбрал пак, би ти рекол ДА без двоумење.