Мал апдејт:
-направен сервис. Заменет сет ребраст каиш, клинаст каиш, антифриз, масло, филтер за масло, филтер за кабина, филтер за воздух и филтер за нафта.
-задниот лев прозор имаше скршен дел од механизамот за подигнување. Средено е и тоа.
-купени Sava Eskimo S3+ зимски гуми
-променет и термостат, беше деформиран.
-купени и раткапни за челичниве бандажи. На пролет здравје едни алуминиумски за летни гуми.
-нови брисачи напред и назад.
-променив неколку сијалички во внатрешноста (една кај командите за климата, една у гепек и една у касета).
Во меѓувреме благодарение на Џиџи и Бубе, ставена на компјутер. Проверено е за грешки и уште еднаш ја потврдивме точноста на километражата.
Брзо ќе си добие и еден сет гумени патосници за овој период од годината.
Сега за сега, тоа е тоа. У прва прилика ќе следува некое ново сликиче.