Да конусни се, ама сепак најдобро би било да кажиш за што се работио па да бараме чааре .
Правам прототипови на грамофонска рачка. За потребите на сегашниот модел, ми треба цевчест материјал, кој се одликува со:
1. Одлични торзиони карактеристики.
2. Висок степен на цврстина во однос на масата [што ќе рече, најлесно што може, и најцврсто што може].
3. Консистентност на материјалот по целата должина.
Во конкретниов случај, карбонски цевки се најблиску до идеалниот материјал, а релативно ефтино набавливи.
Други опции се тенкоѕидни алуминиумски цевки, дрвени цевки итн.
А што се однесува на конусна наспроти цилиндрична форма, конусната е во основа подобра, но со многу поголем степен на закосување од рибарските трски, а за тоа ми треба калап и некој да го направи делот.