Здраво на сите,
ова не е класична тема за купување, и ако овде не и е местото, би ги замолил шефовите да ја преместат.
Но, имајќи го предвид диверзитетот на членството овде, се надевам дека некој може да ми помогне.
Треба да ги набавам следните работи:
1. Месингани цевки (20mm надворешен пречник, дебелина на ѕид 2мм).
2. Алуминиумски цевки (20mm надворешен пречник, дебелина на ѕид 2мм).
3. Лак за месинг (на пример,
https://www.amazon.com/Behlen-Brass-Lacquer-13oz/dp/B003BG53EI).
4. Карбонски цевки (6мм надворешен пречник, дебелина на ѕид 1мм).
5. Фирма која работи анодизирање на алуминиум (англискиот термин е anodizing, можеби кај нас се вика поинаку).
Би бил благодарен на сите информации кои може да ми ги дадете, или да ми понудите од ова погоре.