Јас мислам дека се исплати да осигураш стан од поплава. Мои роднини имаа проблем со радијаторите и на 2-3 пати им пукаа при што станот се потопуваше во вода. Притоа и станот под нив почнуваше да капи. Сето тоа го покриваше осигурителната.
Но имав лошо искуство кога ми пукна кабелот на чашките од куќата. Кабелот пукна во буквална смисла како цела инсталација да се запали, меѓутоа немаше видливи траги од оган и не беше повикана пожарна. Од осигирутелната компанија ништо не ми покријаа и сам си го платив кабелот. Многу се заштитени и треба повеќе услови да бидат задоволени ( во случај на пожар па и минимален, ако не викниш пожарна, џабе си осигуран) . Си треба добро читање на условите па и да знаеш како да постапиш во секој конкретен случај.
Случај со кражба во дом имаа едни познаници (не сум целосно запознат со случајот) на кои осигурителната ништо не им покри бидејќи немало видливи траги на насилно отварање на вратата од каде што влегле арамиите. Што значи доколку се случи кражба, а нема видливи траги на насилното влегување, треба да бидеш "курназ" и сам да ги направиш оти нема да видиш отштета. Се разбира, да не биди да посумњаат во тебе па од полиција да кркаш пријава за лажно пријавување

.