Незнам дали е за тука или за во работилница темата ама еве ке ја поставам овде па ако мислат администраторите нека ја преместат кај што е прикладно.
Љубител сум на жичани инструменти , ги имам во некој поголем број, решив да претставам еден проект шо го имав започнато во во летото ама го баталив , па го завршив дури сега пред месец дена

Станува збор за Jolana Iris од 1973 година која ја добив во неисправна состојба, расипани потенциометри ,искривен врат и изместена интонација, и со илјада бои четкани през годините нанеа.
Еве неколку слики во прилог, извињавам се за лошата камера дигитрон од телефон користам во последно





Наредно дојде стружење со пегла, од 80ка , па се до 400 600 шмиргла



наредно искитирав секаде кај што имаше потреба, па шприцкит па шмирглање шприцкит со сува шмиргла до , незнам зошто немам слики од тие работи..па после стигна фарбање во комора, бојата е некоја од тојота, првично сакав да ја фарбам сам ама било зезнато за нанесување оти е металик па требало незнам како прво основата па кристалите па незнам шо да се нанеси..
еве го финалниот резултат, бојата е супер, само имам лоша камера неиди до израз , особено иди до израз на денска светлина преливаат кристалите )



сменети се и нови потенциометри , нови капачиња занив , исто така најдов и хромиран поклопац за бриџот
потоа е менав еден праг, го исправив вратот, нова кобилица од пластика на вратот , и ја наместив интонацијата , така да сега е во културна форма за свирење
