Голема благодарност за администрацијата што ја отвори оваа подтема за iButik.mk - за да може на директен начин да ви помогнеме околу сите прашања поврзани со мобилната технологија.
Се надевам ќе помогнеме и на оние кои сакаат да се обидат и сами да направат некој DYI сервис, поправка или модификација, така да слободно прашувајте - не сме овде првенствено да бараме нови клиенти, туку пред се да помогнеме на членовите на карклуб на секој можен начин.
За оние кои сакаат директно да не посетат, салонот и сервисот ни се наоѓаат на бул. Партизански Одреди - веднаш до кафе Броз (спроти Универзална Сала). Број за контакт во итни случаи 077 90 80 80, во не толку итни овде или на facebook.com/ibutik.mk
Инаку iButik.mk го започнав пред околу 3-4 години, откако претходно околу 12 години се бавев со мобилна технологија во странство, а делумно и во Македонија како хоби. Од тогаш создадовме и тим на сервисери од кои повеќето обуката ја поминаа кај нас, а се обидуваме секогаш да бидеме и конкурентни со цените и моделите што ги имаме во понудата.
Од галантерија немаме најголем избор, но сакаме да веруваме дека имаме најдобар

Дури и тоа што го немаме во салонот, за брзо време го нарачуваме и доставуваме до клиентите.
Наша одлика е решителноста да нудиме НАЈБРЗ можен сервис: речиси 60% од поправките се завршени истиот ден, и дополнителни 30% веќе наредниот работен ден. Во последниот период ја доведовме ефикасност до тоа да само 3% од поправките се задржани повеќе од 2 работни дена. Имаме вложено доста во најсовремена и скапа сервисна опрема и машини, со која услугата која ја нудиме не заостанува во ништо од светските центри кои нудат слични услуги.
Наскоро планираме и новитети и развој во одредени области - но да не летаме пред да викнеме ОП!
Засега толку во овој дел за претставување...