Автор Тема: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer  (Прочитано 47268 пати)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #210 на: 23 Февруари 2017, 21:07:09 pm »
пази, можеби ке треба и да платеш  ;D така да подобро остави ме тука на ладното да си мрзнам  ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #211 на: 23 Февруари 2017, 23:45:57 pm »
Колку ти е комплет регистрација + осигурување за Опелот за 1 год?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #212 на: 23 Февруари 2017, 23:49:22 pm »
Регистрација и технички не знам колку е, пошто ни беа вклучени во цената кога ја купувавме колата. Осигурањето е 560 евра, каско со учество до 300 евра.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #213 на: 24 Февруари 2017, 08:18:37 am »
Тоа е најевтина варијанта или препорачана?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #214 на: 24 Февруари 2017, 08:40:00 am »
100 евра е технички на секои две години. Чат пат има акции и може технички да начекаш за 70тина евра.
Осигурувањето ти го пресметуваат на основа на твојот возачки профил. Колку години имаш возачка, дали имаш казни, казнени поени, дали си бил крив во сообраќајка, колку километри возиш на година, каде ти стои колата, дали ја користиш само за приватни цели или и службено, каде и што работиш, кој ќе ја вози (дали сам или и со сопругата), дали имаш деца, дали имаш живеалиште, како си ја купил колата, итн.

И секоја осигурителна куќа си има различни тарифи, дали сакаш личен контакт со агенцијата, да имаат соработник кој ќе ти помага, или сам ќе си завршиш работа...

Тоа е накратко. Инаку нема класична регистрација како кај нас. Осигурувањето автоматски ти се продолжува секоја година, попустот ти иде исто автоматски (ако немаш сообраќајка направено), само на секои две години ја носиш на технички и тоа е тоа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #215 на: 24 Февруари 2017, 08:46:07 am »
А ако имам направено сообраќајка но не по моја вина?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #216 на: 24 Февруари 2017, 08:54:19 am »
А ако имам направено сообраќајка но не по моја вина?
Ако полиција утврдила дека си жртва, си го добиваш попустот кој те следува. За секоја сообраќајка, несреќа, дешавка, штоидае, ако си учесник добиваш копија од записникот/протоколот.  Во Германија мора да дојде полиција да утврди ситуација.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #217 на: 24 Февруари 2017, 09:27:19 am »
Ок. Знам дека нема фиксна регистрација.
Еве ти Луки колку си плаќал рег. за бмв то?
Колку е за Королата?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #218 на: 24 Февруари 2017, 12:54:56 pm »
Тоа е најевтина варијанта или препорачана?

Не е најевтина, ја избравме како најподобна за нас. Другото е све ко Луки што кажа (наравно :))

100 евра е технички на секои две години. Чат пат има акции и може технички да начекаш за 70тина евра.

Тоа е накратко. Инаку нема класична регистрација како кај нас. Осигурувањето автоматски ти се продолжува секоја година, попустот ти иде исто автоматски (ако немаш сообраќајка направено), само на секои две години ја носиш на технички и тоа е тоа.

Осигурањето аутомацки, а технички на две години... Значи во ноември нема да треба да идам да „регистрирам“ кола, како у МК што е?
Пошо ете, и за Лансерот имав технички на две години, ама морав да ја регистрирам колата и извадам нова осигурителна полиса.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #219 на: 24 Февруари 2017, 12:58:01 pm »
...

Ноуп. Ништо не треба да правиш. Само провери си кога ти истекува техничкиот. Ако не ти се копа по документи види на задна таблица на налепницата кој месец стои на 12ч, и во центарот која година.
Ако е нов направен пред да ја купиш колата треба да е ноември 2018. Е сега твојата мислам дека е понова од 5 години, така да првите два технички прегледи се на секои три години. Така да можеби наредниот ти е во 2019та.   
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #220 на: 24 Февруари 2017, 13:20:21 pm »
Нареден технички е во ноември 2018.

Шо фино така... Значи фактички само осигурањето треба да си го плаќаме на пола година а?
Пошто го обновуваат аутоматски, ако не било активирано претходно, автоматски ќе го пресметаат и бонусот? Односно, наредната година би требало помалку да платиме осигурање така?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #221 на: 24 Февруари 2017, 13:43:28 pm »
Нареден технички е во ноември 2018.

Шо фино така... Значи фактички само осигурањето треба да си го плаќаме на пола година а?
Пошто го обновуваат аутоматски, ако не било активирано претходно, автоматски ќе го пресметаат и бонусот? Односно, наредната година би требало помалку да платиме осигурање така?

Точно. Сигурно имате и потпишано СЕПА ауфтраг, така да, кога ќе дојде време сами ќе си ги земат парите. Да, автоматски се си е пресметано, и секоја година помалце и помалце ќе плаќате. Се разбира по пошта или по емаил ќе ви дојде известување со пресметка и кога отприлика ќе си наплатат. АКо решите да ја продавате, замените, дерегистрирате, се прави повторно пресметка до денот кога била регистрирана на вас. Остатокот од парите од осигурувањето и данокот ги враќа компанијата и државата.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #222 на: 24 Февруари 2017, 13:56:33 pm »
Das држава :)

Иначе не, сами си плаќаме сметки, не преку СЕПА ауфтраг :) Со траен налог одзимаат за Телеком, Нетфликс, домашното осигурување и за малата.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #223 на: 01 Април 2017, 16:20:32 pm »
Испрана, исчистена, исполирана, сменети зимски тркала со летни.















Зимските тркала фино спастрени во подрум.






Досега поминати скоро 10000 км, и сума сумарум, ми прави мерак колава.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #224 на: 01 Април 2017, 17:08:09 pm »
Одлично изгледа. Дали има некоја врска што две гуми се асиметрични а две симетрични или не игра улога ако се стават на иста оска?
Зини да ти кажу.