Автор Тема: Откажување на турбина  (Прочитано 4728 пати)

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #15 на: 30 Август 2016, 15:48:58 pm »
Чипување не е само ставање на друга мапа и „пут под ноге“. За успешно чипување ЗАДОЛЖИТЕЛНО колата мора да помине на dyno и да се испеглаат нерамномерностите кои кај секој мотор се различни.

Јас како што знам Dyno е доста скапа работа, не само да се направи на едно возило, но и да се купи како опрема и чисто сумјам некој да го има кај нас или пак некој што ќе купи кола од 3000 евра па и 5000 да го направи. Сега ова е ако зборуваш за оригинално Dyno, а не некое демек Dyno. Во Македонија има илјадници чипувани автомобили и не верувам сите да го направиле тоа, па еве гледам уште се возат нормално. Не правете на форумот значи некој да си ја продаде колата.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #16 на: 30 Август 2016, 15:58:02 pm »
Нека не си ја продава колата никој, само нека не експериментира со слепи чипувачи кои навидум ги следи добра репутација.

Една мапа развиена на едно возило апсолутно НЕ МОЖЕ да одговара на возила кои имаат ист мотор, но различна километража и аналогно на тоа различна компресија, различна состојба на сензори, турбина, проточност на дизни, вакуум црева, и многу, многу битно - различно гориво! Чипот е можеби развиен во Германија, Швајцарија, или некоја друга европска земја која има неизмерно подобар квалитет на гориво од Македонија.

Со оглед на тоа што примарна улога на чипот/ремапот е да го крене притисокот на турбината и количината на гориво која ја вбризгуваат дизните, во еден момент на колата се случува овербуст кој дизните не можат да го комплементираат со доволно гориво, и влегува во safe mode.

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #17 на: 30 Август 2016, 16:14:52 pm »

И како се средува тоа, во случај да е Overboost? Да се врати како што е била колата или се прави корекција на програмирањето..?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #18 на: 30 Август 2016, 16:28:15 pm »
Прво провери ја целата инсталација околу турбината, како што се црева, довод на уље, вакуум црева, буст контролерот, значи провери дали има некаков проблем колата. Грешката која се јавува кога колата влага во safe mode е сигурно зачувана во компјутерот и добро би било да ја прочиташ на дијагностика. Ќе каже од кај да почнеш да го бараш проблемот, кој можеби ќе ти дозволи да продолжиш да возиш со ремап.
Ако и после тоа колата влага во овербуст, или корекција на мапа или комплет менување на фабричка мапа е решението.

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #19 на: 06 Ноември 2016, 23:16:11 pm »
Се среди проблемот :) . Испадна вакумот на турбината и едно црево што оди во турбината, се смени сетоа тоа и сега е во ред, го немам веќе проблемот.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Откажување на турбина
« Одговори #20 на: 11 Ноември 2016, 20:44:26 pm »
Си имал среќа, со лесно си поминал.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need