Мојот прв братучед вози Купе од 2007 купено од Кореа Авто трејд, во глобала задоволен е, меѓутоа има поминато само 35000 километри. Моторот за околу 130-140 коња е доста добар и снажен, ама и жеден 13-14 на 100, многу му фали 6та брзина, и е доста нежна кола за грубите Македонски патишта.
Мене страшно ми смета што само на хартија(во сообраќајна) е за 4 патници. задната клупа нема ни простор во висина ниту за нозе.