Автор Тема: Проблем со Акомулатор  (Прочитано 1898 пати)

Отсутен dgx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Проблем со Акомулатор
« на: 31 Октомври 2016, 23:12:27 pm »
Здраво,

Акомулаторот ми испразнил и не можам да ја запалам колата, незнам дали може да се полни или е целосно заминат. Дали некој знае сервис за акомулатори во Карпош 3 - Скопје да ми остави бројче?

Акомулаторот е стар 1 година, брендот мислам дека е Black Horse

Фала,
Поздрав
« Последно менување: 31 Октомври 2016, 23:17:44 pm dgx »

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #1 на: 31 Октомври 2016, 23:23:12 pm »
Види пробај прво со помош (кабли) од друга кола запали (или па запалија на туркање :D ) , повозија 15тина минути.. Ако запали потоа, значи полни алтернаторот и се си е ок..

Само сепак мора да има некоја причина при која што се испразнил акумулаторот..

Отсутен dgx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #2 на: 31 Октомври 2016, 23:32:10 pm »
не беше запалена една недела.

инаку немам овде никој што би ми помогнал така да ако има сервис во близина би било добро

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #3 на: 31 Октомври 2016, 23:34:56 pm »
Па и за до сервис треба пак да ја однесиш колата :) .. За што кола се работи ?

Отсутен dgx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #4 на: 31 Октомври 2016, 23:36:38 pm »
мислев ако може да се полни некако без да се преместува колата, ако не да барам нов акомулатор...

колата е Alfa Romeo 156 1.8

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #5 на: 31 Октомври 2016, 23:38:33 pm »
Најди некој пријател/комшија/роднина со кола и кабли па запалија.. Ако немаат купи, ќе ги имаш засекогаш, не се скапи.. Друг начин нема..

Отсутен dgx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #6 на: 31 Октомври 2016, 23:43:15 pm »
Ќе барам пошто ми треба колата, проблем ми е што не сум од Скопје а овде немам никој со кола што би можел да помогне. :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #7 на: 31 Октомври 2016, 23:48:04 pm »
Ако си во Скопје, без разлика од кај си, ќе се најде некој да ти помогне. Наједноставно ти е да замолиш некој таксиста да ја запалите, одма ќе завршиш работа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #8 на: 31 Октомври 2016, 23:51:04 pm »
Викни такси со кабли. Или ако има некој со кабли што прочитал нека се изјасни

Отсутен dgx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #9 на: 31 Октомври 2016, 23:53:20 pm »
фала многу, супер е предлогот со таксито мислам дека ќе завршам работа со тоа. ќе пишам тука update утре најверојатно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #10 на: 01 Ноември 2016, 11:05:48 am »
Не знам што се исподеси деновиве, ама на сите ни се заебаа акумулаторите. Ти си четврти човек што го слушам ова во последните 2-3 дена.

Мене тоа ми се случи. Ја запалив со другата кола, исповозев едно 30 километри.

Намерено ја оставив еден ден да не ја возам, вечер ќе пробам пак, да видам дали акумулаторот е отиден скрос или не.

На палење ми покажа 10.8V, а пред палење 12.5V, што технички кажува дека е во ред.

Ќе видиме.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Проблем со Акомулатор
« Одговори #11 на: 01 Ноември 2016, 11:12:10 am »
Здраво,

Акомулаторот ми испразнил и не можам да ја запалам колата, незнам дали може да се полни или е целосно заминат. Дали некој знае сервис за акомулатори во Карпош 3 - Скопје да ми остави бројче?

Акомулаторот е стар 1 година, брендот мислам дека е Black Horse

Фала,
Поздрав
Ako ne si ja upalil seuste, pisi, jas sum u blizina, kje donesam kabli da ja zapalime