Здраво дечки

Имам буџет од 2500-3000 евра, и барам половен автомобил. Би одел до 3000 евра само ако колата е тип топ средена и нема да има дополнителни вложувања.
Најмногу око ми фати Алфа 147. Разгледав по огласите и цените доста варираат. Во бугарија се доста поефтини, па не се исфрла опцијата да се донесе од буугарија ако се најде добар примерок.
Тазе возач сум со скромна возачка историја (матиз, фелиција и југо), па верувам ке се воодушевам од било кој подобар автомобил

Автомобилот мора да:
- Не биде поскап од 3000 евра
- Да биде дизел (економичен)
- Да биде во солидна состојба
- Да биде понов од 2001
Што мислите, да одам со Алфа или да барам друг модел? Некоја препорака или уште подобро конкретен оглас?