Автор Тема: Бебешко/детско седиште за во кола  (Прочитано 52251 пати)

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #210 на: 04 Јануари 2021, 11:33:51 am »
Јас користам моментално од 0-18кг на Chicco, гратис дојде со количката, во транспортер ја возевме до 3 месеца, после тоа во седиштето. Седиштето е без isofix и е со 2 позиции лежечка и исправена, моментално има годинка и месец дена и 11.5кг. Сега сум и јас на 100 ума какво да земам од 9-36кг или од 15-36кг, isofix или не, и да не е некое од 200еур, макс до кај 9000ден, највеќе ми фаќаат око овие 2:
https://www.encimenci.com.mk/sedishte-za-avtomobil-oasys-2-3-fix-plus-evo-jet-black-15-36kg-chicco-791595100
https://www.encimenci.com.mk/sedishte-gro-up-123-pearl-9-36kg-chicco-795838400

П.С. Ми се смачи префрли од една во друга кола седиштето...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #211 на: 04 Јануари 2021, 11:48:41 am »
Затоа и го задржав ова второво што го имаш во предвид да го купиш, а беше на продажба. Стои во Полото, за навака-натака, пошто за подолги релации е КАТАСТРОФА.

Нема вистинско подесување за положбата. Има одоздола еден како додаток за подигање, ама до 1 сантим оди.

Би те советувал да го избегаваш, ако планираш детето повеќе време да се вози во него.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #212 на: 04 Јануари 2021, 12:03:57 pm »
Ова седиште https://www.encimenci.com.mk/sedishte-gro-up-123-pearl-9-36kg-chicco-795838400 имаше доста лоши оценки за безбедност кога требаше да купувам, па се одлучивме за првото @t0m1cA  што го има во постот. До сега задоволни сме и детете си ужива додека се вози во него, се нема пожалено. Има исто малце да се поткрене нанапред, но кај оваа категорија седишта мислам дека и нема со поголемо навалување како кај оние 0-15.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #213 на: 04 Јануари 2021, 12:36:38 pm »
Јас користам моментално од 0-18кг на Chicco, гратис дојде со количката, во транспортер ја возевме до 3 месеца, после тоа во седиштето. Седиштето е без isofix и е со 2 позиции лежечка и исправена, моментално има годинка и месец дена и 11.5кг. Сега сум и јас на 100 ума какво да земам од 9-36кг или од 15-36кг, isofix или не, и да не е некое од 200еур, макс до кај 9000ден, највеќе ми фаќаат око овие 2:
https://www.encimenci.com.mk/sedishte-za-avtomobil-oasys-2-3-fix-plus-evo-jet-black-15-36kg-chicco-791595100
https://www.encimenci.com.mk/sedishte-gro-up-123-pearl-9-36kg-chicco-795838400

П.С. Ми се смачи префрли од една во друга кола седиштето...


Види ги прво во Крш Cybex, па спореди после со 123, мислам дека не е толку голема разликата во цена колку што е во квалитет.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #214 на: 04 Јануари 2021, 18:46:55 pm »
На малиот му земав седиште Kikka Boo од локо кроко. Седиштето е од 0-36кг. До 6 месеци се возеше во транспортер после во седиште свртен обратно до 9 месеци. Више има 2 години и 3 месеци и седиштето не е мрднато. Битна работа кога бирате седиште е да се вади навлаката за перење.

Кога требаше да купувам седиште имав многу нејасни работи. Ама разгледувајќи седишта дојдов до заклучок дека битно е седиштето да се спушта односно да има повеќе позиции на седење/лежење. Друга битна ствар е удобноста на седење. Од овој аспект се разбирам и тргнав да барам седиште кое според мене ке биде најудобно ама не прескапо. Разгледувајки марки како чико и остали тотално се разочарав од удобноста. Ставиле дебел сунгер кој ке се натапка за кратко време и дете пак ке седи на пластика. Седиштево од Kikka Boo иако сунгерот е малку потенок од бренд марките е доста по квалитетен односно има поголема густина со тоа што нема да се натапка за кратко (сеуште е како првиот ден).

Со ова сакав да кажам дека не секогаш треба да се летате по марки и да ги платите незнам колку пари за да го добиете тоа што го барате.

Еве линк од седиштето https://www.lococroco.com/%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5-kikka-boo-4-%D0%B2%D0%BE-1-isofiix

Само моето е без isofix и мислам дека беше околу 6500 денари.
Едит: Вториот линк што го ставил томица уште од тука може да се види дека детето по газето ке има само пластика и ништо повеќе.
Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk
« Последно менување: 04 Јануари 2021, 18:53:05 pm Zile »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #215 на: 04 Јануари 2021, 19:23:20 pm »
Ама не треба да гледа, јас му кажувам.

Ете го, го имам.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #216 на: 12 Јануари 2021, 00:00:57 am »
Купив седиштеод локо кроко https://www.lococroco.com/sediste-loco-croco-gator фала на препораките,валда не згрешив
После првите 2 км кома :)
Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #217 на: 12 Јануари 2021, 08:44:57 am »
Добар избор.

Со здравје да се служите.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 588
    • ibiz.mk
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #218 на: 25 Јануари 2021, 12:55:56 pm »
јас го земав пред некоја недела истото @Zile што го пиша
 Седиште Kikka Boo - 4 во 1 ISOFIIX

одлично седиште е,  добар/доволно сунгер има, меко е за седнување.

добра инвестиција некој денар повеќе од останатите, кои како на пластика да седи детето

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #219 на: 26 Јануари 2021, 17:53:55 pm »
Седиштето е одлично!!!! Со здравје да се служи!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #220 на: 19 Март 2022, 09:55:37 am »
Некој да не го поседува следново од Макси Кози, или да препорача друго за слична сума.

https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-титан-базик-блу/
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #221 на: 19 Март 2022, 22:16:12 pm »
Super e ako ti se davaat tolku pari, mislam do 5, 6 iljadi solidno sedishte mozes da najdesh. Poslednoto lani go kupiv 4500 Foppapedretti

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #222 на: 19 Март 2022, 22:22:43 pm »
Јас од локо кроко купив пред 2 години, супер е седиштето и башка има позиција за спиење...https://www.lococroco.com/sediste-loco-croco-gator

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #223 на: 20 Март 2022, 18:08:02 pm »
Se znae, bezbedno sediste ako sakate samo Britax

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #224 на: 20 Март 2022, 18:48:51 pm »
Некој да не го поседува следново од Макси Кози, или да препорача друго за слична сума.

https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-титан-базик-блу/
Ja овоа го имам гледам слично е со тоа што си го постирал. Немам никакви забелешки

https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-tobi-authentic-graphite/

Али цениве се страшни. Јас моево во 2018 сум го платил 161 ЕУР.

Maxi Cosi TOBI Car seat 9-18kg Nomad Grey   161,39 EUR   1 pcs   161,39 EUR