Криви дискови немаат врска со километрите, па да речеш имала 64000 поминато само. Дискови се криват и со 100км, ако ја извозиш стража надоле без моторно кочење рецимо, и ако врне во подножјето. Тоа доаѓа од преголема топлина на дискот, или нагли промени на неговата температурата. Не велам дека кај тебе е сигурно тоа, ама голема е веројатноста, без разлика на километрите.