Немав некои правила, освен да не се прави свињац од ѓубре и ронки (ова од девојката, кога патуваме некаде).
Ниту ми ја пере, ниту ми ја чисти, ниру пари дава за авто-перална.
Вчера (после 7 години врска) воведов ново правило - нема пушење во кола.
Доста беше, вчера ми прекипе, посебно сега летен период кога се пушта клима со рециркулација.
Џабе се отвораат џамови и си вжештува изладеното додека се пуши преку прозорец, кога климата пак ќе повлече дим и го врти и врти додека не исклучиш рециркулација и/или ги отвориш сите 4 прозорци.
Ќе видиме ,,правилото“ како ќе се спроведува, ама знам да бидам доста инатливо копиле кога сум убеден дека сум во право.