Автор Тема: Регулатор на маслени пареи  (Прочитано 1553 пати)

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Регулатор на маслени пареи
« на: 18 Септември 2016, 21:33:49 pm »
Здраво дечки, имам едно прашање во врска регулаторот на маслени пареи, ако може така да се нарече, ако не, поправете ме (некои го викаат и iberlauf), така што истиот е доста замастен, а замастени се и сите црева што се поврзани со него. Дали би знаеле за овој дел дали се чисти (ако можеби во него содржи некое сито кое што треба да се исчисти) или пак истиот се променува ако дојде до состојба да замастува? Штом е целиот замастен од масло, претпоставувам дека поради внатрешни нечистотии, истиот е запушен и излегуваат маслените пареи од него.
Дали можеби мислите дека поради квалитет на масло може да дојде до ваков проблем? Мислам дека некаде на форумов прочитав дека некој член откако сменил бренд на масло, повеќе не му се замастувал овој регулатор.
Се работи за Ford Focus 1 1.8 tdci. Читајќи на интернет, за него има многу малку информации, па ако може некој да сподели информации за одржување на истиот.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Регулатор на маслени пареи
« Одговори #1 на: 19 Септември 2016, 11:27:02 am »
друже... ај пиши колку има пројдено колата, дали си прв сопственик, од увоз ли е итн итн... зашто има многу опции зашто би се замастил тој од надвор...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Регулатор на маслени пареи
« Одговори #2 на: 19 Септември 2016, 12:01:47 pm »
Онак, колата има поминато 106.000 km. Не сум прв сопственик, истата е увезена. Ако е веќе потребна информација и за масло, користам Total Quartz 9000 Future 5W-30 со спецификација за Форд иако верувам дека проблемот не е до маслото.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Регулатор на маслени пареи
« Одговори #3 на: 19 Септември 2016, 12:23:24 pm »
Нормално е да се замасти, извади го куќиштето, отвори исчисти. Цревата исто.

Се замастува од доста километража и понеквалитетно масло.