Дечки ај малку помош.
Користам Телекабел пакет, модемот е оној стандардниот Motorola што го даваат на кој имам поврзано ON networks рутерче за wireless. Што ми е муката? Од пред некој ден приметив модемот дека снема конекција, пробав со исклучување од штекер па повторно вклучување и немаше подобрување. Се јавив во т. подршка од таму ми рекоа да го откачам рутерот од модемот, ваљда нешто чепкаа по сигналниве сијалички на модемот и рекоа дека модемот е во ред. Незнаејќи сум го ставил на standby модемот но за кратко приметив и кога го вклучив си беше ок но кога го поврзав рутерот неможев да поврзам ниеден уред на Wi-Fi освен телевизорот. На другиве апарати вика дека мрежата е поврзана но нема интернет. Сега моментално телевизорот можам да го поврзам на рутер, но тоа го правам мануелно на секое вклучување на истиот, што предходно не беше случај туку автоматски се поврзуваше. И само еден телефон ми се поврза, на други 2 вика дека е конектирана врската но нема интернет, исто е и со таблети и лаптопи.
Мислење?