Здраво, сакам да увезам 320D F30 EfficientDynamics 2012/13 од Холандија. Тие што ги глеав имаат >= 150.000км со книшка за потврда и NAP(national auto pass). Цените горе доле им се 19.000 евра (барам од дилери на коли не од приватно лице заради поврат на данокот) со тоа што имаат луксузна такса и VAT што може да се вратат и цената би дошла околу 13.700 евра. Плус ми рекоа дека има околу 250 евра за документите за извоз(осигорување, таблици и сл). Дали знаете отприлика колку би коштало да се царини (каталошката цена е околу 45.000 евра) исто ако знае некој која е постапката за повраток на данокот и колку би ми се исплатело да увезам?
Фала однапред