Здраво дечки, имам едно прашање во врска регулаторот на маслени пареи, ако може така да се нарече, ако не, поправете ме (некои го викаат и iberlauf), така што истиот е доста замастен, а замастени се и сите црева што се поврзани со него. Дали би знаеле за овој дел дали се чисти (ако можеби во него содржи некое сито кое што треба да се исчисти) или пак истиот се променува ако дојде до состојба да замастува? Штом е целиот замастен од масло, претпоставувам дека поради внатрешни нечистотии, истиот е запушен и излегуваат маслените пареи од него.
Дали можеби мислите дека поради квалитет на масло може да дојде до ваков проблем? Мислам дека некаде на форумов прочитав дека некој член откако сменил бренд на масло, повеќе не му се замастувал овој регулатор.
Се работи за Ford Focus 1 1.8 tdci. Читајќи на интернет, за него има многу малку информации, па ако може некој да сподели информации за одржување на истиот.