Вчера ги наместивме задните тапацири со Дарио, додека брат ми ги местеше кедерите на вратите.
Пошто се нови купени кедерите, проблем е да се затвори вратата, а при отварање само да ја допреш рачката, вратата одма полетува, како да има eject опција.

Очекувано е да биде така бидејќи се нови кедерите.
Пред да се наместат задните тапацири, стававме фолија и жива гума (така било од фабрика).
Е сега, тапацирот од совозачка страна е во солидна состојба со обзир на годините, ама тој од возачка страна едноставно не ми се остава на кола бидејќи е искривен и со доста оштетувања.
Така да, ќе се менува заден тапацир од возачка страна, ако некој случајно има, пишете ПП или во коментар тука.

Дарио, као демек сликај ме случајно додека работам:




Предните тапацири ќе се местат викендов, прво треба да се сечат за да се наместат кутиите за звучници.
Sent from my SM-G925F using Tapatalk