После подолг период, да зачистам прашина од темава.
Викендов беше искористен за една интересна дружба и возење кое резултираше со едно супер видео во соработка со
https://www.youtube.com/@CarsWithEndiИмено, во видеото покрај јас со Голфчето е и
@andrej_111 со неговото Порше.
Кој има да одвои неколку минути, видеото во прилог:
https://www.youtube.com/watch?v=Jws9TCbhTG4Инаку колата ја регистрирав пред неколку дена, направен редовен сервис, промена на улје и филтер, чистење на филтер за воздух.
Иако не беа за менување, ги сменив и свекиците, и извршена е проверка на подвозје, наместено палење и некои други ситници.
Во меѓувреме постар касетофон Blaupunkt е на преработка кај електричар за инсталирање на блутут модул и после тоа ќе го вградам во колата. Планирано е да се преправи на еуро џек бидејќи моментално е на стар тип конектори.
Тоа е се засега, летниот период и есента се планирани за посети на собири во Македонија, но и собири во соседните држави.