Покрај деловите што веќе сум во исчекување да стигнат, денес нарачав уште:
-Фарови (Smoked Crosshair LHD), марка Wesem.

-Страничните лепенки, нарачани од VW Heritage parts, изработени од винил, според фабрички пропорции.

-Капаче за резервоар, марка Hella.

-Ново знакче GTI за на предна маска (две поточно, едно со црвени букви, другото стандардно).

-За воланот што го имам, Nardi competition, нарачано знакче Wolfsburg edition на тастерот за свирката и најверојатно тоа ќе се намести, во комбинација со Wolfsburg edition топчето на мењач.

Сликите се од интернет, нови слики кога ќе стигнат деловите во пошта.

Тоа е за сега, деновиве ќе купувам изолација за над плафончето, за патосот, и нови штрафчиња за крилата.