Автор Тема: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci  (Прочитано 5248 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #15 на: 22 Август 2016, 21:35:47 pm »
Ги продаваа преку овластени дилери.

Прогуглав малку, ги најдов на и на Car.gr колите. Не бил моторот 1.5, бил 1.6 - дигнат од 110-115 на 150 коња.

Заради давачките за поголеми мотори во Грција, имаат многу такви „локални“ варијанти. Своевремено имаа Seat Ibiza Top Gun - 1.4 бензинец, навиена на 115 коња. :)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #16 на: 22 Август 2016, 22:20:57 pm »
1.4 T-Jet

Интерналите се идентични. 120 има едно турбо (IHI VL37), 135-150-155 имаат друго турбо (IHI VL36 или VL38), 180 има трето турбо (Garrett GT1446) и појаки дизни. 155кс нагоре имаат за нијанса подобри брегасти. Рестото е исто. Лимит од грубо 300кс (Грција има примерок на стандардни интернали возат над 310, што за 1368цц е веќе научна фантастика)


1.4 Multiair Turbo

Сите се потполно исти, разлики само во турбините (Послабите носат Garrett GT1438, појаките носат GT1446). Лимитот е исто некаде 300кс, меѓутоа потешко се стига.



Нормално, софтверот кај сите е различен.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #17 на: 24 Август 2016, 01:01:50 am »
Кај се фати баш за блокот. Тој вообичаено трпи 3-4x повеќе снага и е последно нешто што треба да смениш.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #18 на: 24 Август 2016, 01:56:16 am »
Па рестото е Болт-онс :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #19 на: 24 Август 2016, 15:24:23 pm »
На другиот Филип се однесуваше ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #20 на: 24 Август 2016, 15:48:01 pm »
Кај се фати баш за блокот. Тој вообичаено трпи 3-4x повеќе снага и е последно нешто што треба да смениш.

Блокот е ограничен на силата која ги оптоварува ѕидовите (што директно се преведува како момент на радилица), а не на снагата во коњи.

Теоретски, доколку напр. кај некој атмосферски бензинец снагата е зголемена со просто зголемување на вртежите - а моментот си е ист - блокот теоретски може да поднесе произволно коњи. Доколку два мотора имаат напр макс 200 Nm на радилица, оптоварувањата кои ќе ги трпи блокот се исти, без оглед дали тој мотор вади максимални 60 или максимални 600 коња.

Па така, блокот на еден 1.9 СДИ од 60 коња мора да биде поцврст и појак од блокот на 1.4 бензинец од 90 коња, и покрај тоа што вториов има значајно поголема максимална снага - кај 1.9 СДИ торкот на радилица е поголем и само тоа се рачуна.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #21 на: 24 Август 2016, 16:16:09 pm »
Колку ќе зголемиш вртежи, не повеќе од 1000...  Никој веќе не се занимава со тунирање на косилци, застарена работа, 10.000 евра да фрлиш треба за 50кс.
Пример 2.0 XE и LET моторот од 150, 200 може да оди до 450кс. 1.9 TDI кој може да оди до 350-400кс.
3.0 Supra oд 220 оди до 1200 со истиот блок.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #22 на: 24 Август 2016, 17:17:21 pm »
Незнам што се фативте за блокот, најчесто е последната работа која би откажала.
I’m so mean, I make medicine sick

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13856
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #23 на: 24 Август 2016, 18:29:29 pm »
Блокот би откажал ако после јако возење го збрцате во река.

;D

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #24 на: 24 Август 2016, 22:18:02 pm »
Kaj 1.4 tsi i 2.0 tsi pocnuvajki od golf 5 gti preku gti ed 30, cupra, audi, site imaa razlika vnatresna, najcesto razlicna kompresija i bregasti.