Автор Тема: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147  (Прочитано 5077 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« на: 17 Август 2016, 13:45:16 pm »
Имам проблем со клучот на Алфата, одненадеж престанаа да работат далечинските контроли на клучот, отклучување, заклучување и багажник. Му сменив батерија на клучот но пак не работи. Ги проверив и осигурачите 32, 38 и 60 кои ми имаа некаква поврзаност со заклучувањето но како што можам да видам се здрави.
Барав по нет гледам дека се случува некое копче да не работи и треба да се смени микропрекидачот, но според искуствава таму дефектот се случува или само на затворање копчето, или на отворање. Кај мене како да е расипано нешто во приемникот на колата зошто ниедно копче од клучот не работи.
Кога ја отклучувам колата со клучот директно во брава сите врати се отклучуваат и заклучуваат без проблем што би значело дека не е проблем со централното.

Ако некој искуство со ваков проблем на Алфа 147/156 нека се произнесе :) А до другите прашање за добар електричар/клучар каде што би можел да го решам проблемот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #1 на: 17 Август 2016, 14:20:46 pm »
Бравар Мики во Аеродром кај Скопјанка-100% ти го решава проблемот

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #2 на: 17 Август 2016, 14:39:42 pm »
Otvori ja knigata od Alfata. Mislam deka pisuva kako da go kodiras dalecinskoto so priemnata edinica pri promena na nova baterija.
Ako nejke, ondak preku kompjuter ke mora da se reprogramira.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #3 на: 17 Август 2016, 14:49:20 pm »
Сум читал за овај проблем по странски форуми. Мислам дека единствено решение тие Аутомобиле СК.
Btw треба да имаш картичка каде што го има твојот број на бравата. Таа е за кодирање на далечинското и за недај боже, ако го изгубиш клучот да ја запалиш колата.

Прашај за секој случај кај тој во Скопјанка.

Ако ја немаш картичката, тогаш во Аумотобиле СК мислам дека е 180е нова да ти направат.
Ако го решиш проблемот, пиши го како го реши, оти чека карпатскио.
:)
« Последно менување: 17 Август 2016, 15:02:39 pm osmica8 »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #4 на: 17 Август 2016, 15:06:30 pm »
Картичка мислам дека немам, колата ја земав само со 1 клуч. Проблемов со колава се јави одненадеж и ништо на даљинското не работи. Барам сега по интернетов и како што гледам, нема лесен начин за програмирање на даљинсково. Некој викаат дека проблемот е RCL Приемникот, некој викаат контактите во клучот.... Ќе гледам да поминам кај тој во Скопјанка со колава па одтаму ќе почнам. Секако сакав да одам со неа Скопје неделава да и земам и брава за багажникот зошто тропка ваа има некоја луфта.

Исто така имам и проблем со заклучувањето на резервоарот за нафта т.е. истиот се затвора со фабричкиов клуч и од некоја причина не работи заклучувањето на него. Дали има некаде во Скопје да земам универзална капачка за заклучување на резервоарот, да бидам колку толку сигурен.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #5 на: 17 Август 2016, 15:14:10 pm »
Види и пиши и мене ме интересира.

За тоа бравата на багажникот, пробај со стегање на штрафовите. На вратата и на шасијата.
После пробај со подесувење на куката на шасијата. На крај стави изолир на куката, каде што фаќа бравата и види дали ќе имаш тропкање.
Јас ја возам со изолир долго време. :)

А за тоа со капачката види на некој клучар и тоа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13843
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #6 на: 17 Август 2016, 15:29:42 pm »
Јас четири години ја возам без далечинско :D и ужасно ме нервира.

Ама да се немало ниет да се реши проблемот то е :D

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #7 на: 17 Август 2016, 16:50:09 pm »
Кодот за клучот е еден, а кодот за далечинско е друг, јас прашував во Аутомобиле СК
цента беше над 200 Евра да ги добиеш двата кода, пошто посебно не ги продаваат.
Во Скопје тешко да најдеш некој да се нафати да го прекодира далечинското, пошто чипот
се кодира само еднаш,...
Втора варијанта е да си ставиш за евтини пари во Дог секјурити, или некаде на друго
место - нова централа со далечинско.
Не можам да сватам како можеш да возиш кола со само 1 единствен клуч.
Замисли што би ти се случило да си надвор од Мк, и го изгубиш клучот?
Нејќеш да знаеш колку кошта тоа  :-X :-X :-X :-X
Сега бар за 100 евра се прави копија на клуч за палење, без проблем.

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #8 на: 17 Август 2016, 17:08:50 pm »
I Kaj mene baterijata e za menuvanje, ke vidam kako ke pominam ...

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #9 на: 17 Август 2016, 17:11:55 pm »
I Kaj mene baterijata e za menuvanje, ke vidam kako ke pominam ...
Дојди да ти купам батерија, аман од кога збориш.

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #10 на: 17 Август 2016, 17:12:52 pm »
Haha, ne dosol denot, ke ja kupam jas, ti smenija samo, nadomestok kafe :)

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг:
« Одговори #11 на: 17 Август 2016, 18:02:07 pm »
Сaше, дoдекa чекaв нa ред зa пoпрaвкa нa резервниoт клуч кaј Мики, мислaм (не сум сигурен) декa бaш некoј тaкoв прoблем решaвaше нa 147цa и oперaцијaтa зaврши успешнo, зaтoa мoјa препoрaкa ти е дa прaшaш првo кaј негo пред дa oдиш вo АутoмoбилеСК.

Sent from my LG-D855 using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #12 на: 17 Август 2016, 19:41:21 pm »
Ќе гледам утре да одам до Скопје со таа кола, па и ќе направам нов клуч и ако успеам да го решам овој проблем. Што се однесува до правење на клучот, се договорив за 4000 денари со еден клучар од Велес, но се договоривме кога ќе се ослободи да се јави и еве го 1 година е фул со работа изгледа :)
За бравата на багажникот, пробувано е со материјал, со изолир и што уште не но решенијата се многу краторочни, си треба нова брава зошто ужасно нервира и тоа. Најдов за 1000 денари кај еден што растура делови од Скопје, ама пак никако да се натерам на тоа, зошто ретко ја возам таа кола и не и се замарам толку.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #13 на: 17 Август 2016, 22:02:09 pm »
Неможе гепекот да го наштелуваш на тие гумиците што потпира на нив? тие го држат да не тропа
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Проблем со Клуч - Alfa Romeo 147
« Одговори #14 на: 18 Август 2016, 00:25:58 am »
Па била до сега 2 пати на сервис, спомнав и тоа али не успеаа. Како што можам да видам на бравата, пластиката околу бравата е изедена и се допира метал со метал. Кога ќе се замотка изолирбан околу металната кука на шасијата(каде што фаќа бравата), тропкањето го снемува на некое време, но со отворање и затворање на багажникот изолирот се кине и повторно почнува тропкањето. Ќе пробам утре уште еднаш со гумиците, ако не ќе и земам брава, 1000 денари ми ја оставија така да не е многу.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA