Автор Тема: Ford Fiesta 1.4 TDCI  (Прочитано 7370 пати)

Отсутен marko.t

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Ford Fiesta 1.4 TDCI
« на: 16 Август 2016, 23:57:13 pm »
Да си ја претставам и ја мојата  ;D

Ford Fiesta 1.4 TDCI 2010 година, кај мене е од април оваа година, моментално има 92000 пројдено за почетниве неколку месеци сум ептен задоволен, пакетот на опрема мислам дека е Титаниум ...








Ford Fiesta 1.4 TDCI

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #1 на: 17 Август 2016, 01:35:05 am »
Опааа убаво аутце.

Многу години да те служи. Одличен избор.


Бандажите не ми фаќаат баш око.

Лапај на линкот овие и свиркај си. Ги проверив пред некој ден одлични беа.

http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=1587023


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #2 на: 17 Август 2016, 09:02:07 am »
Аир да и видиш на госпоџицу фиестицу  :)

Не е титаниум али нема везе. Ако ме прашаш зошто ќе ти одговарам.

Го делам мислењето со златко за  бандажите, не се за фиеста, некако не ми личат, јас би ги сменил одма, се вртат по огласи интересни бандажи, ете тие од линкот се подобар избор ма да јас би барал некој модел од оригиналните со кои иде фиеста ако начекам.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #3 на: 17 Август 2016, 09:08:36 am »
so zdravje da se vozi i se soglasuvam so prethodnite clenovi za bandasite ..

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #4 на: 17 Август 2016, 12:35:58 pm »
Со здравје да се вози и долго да те служи!

Во врска со бандажите, еве оригинални:
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2142846

Отсутен marko.t

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #5 на: 17 Август 2016, 16:48:23 pm »
Бандажите не ми фаќаат баш око.


Не е титаниум али нема везе. Ако ме прашаш зошто ќе ти одговарам.

Го делам мислењето со златко за  бандажите, не се за фиеста, некако не ми личат, јас би ги сменил одма, се вртат по огласи интересни бандажи, ете тие од линкот се подобар избор ма да јас би барал некој модел од оригиналните со кои иде фиеста ако начекам.



Фала, поубави да си купите  :)

А за бандажите баш тие ми се плус земени од кога ја купив  ;D
@Allexxander зошто не е титаниум, т.е. кое е, многу ме интересира а никако да откријам, вака од што читав најмногу на тоа ми идеше затоа
Ford Fiesta 1.4 TDCI

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #6 на: 17 Август 2016, 16:58:29 pm »
Титаниум дополнителна опрема за тој модел и годиште содржи:

- Радио со блутут и хендсфри за телефон
- Усб порта долу кај запалката
- Автоматска клима (дигитална)
- Хромирана маска напред, и хромирани лајсни странично и на гепек
- Магленки
- Бандажи исти како на линкот од Ракунче
- Лед лента амбиентална на шалт табла
- Амбиентално светло кај нозете пред возачот и совозачот

И уште некои ситници ама не ми текнува сега во моментов. Види на линкот кај мене во потпис и ќе споредиш со мојата фиеста што е разликата. Кај мене е титаниум опремата.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #7 на: 17 Август 2016, 17:01:19 pm »

@Allexxander зошто не е титаниум, т.е. кое е, многу ме интересира а никако да откријам, вака од што читав најмногу на тоа ми идеше затоа

Со која димензија на тркала ја купи и кои бандажи? Титаниум иде со 16-ки, понатаму, би требало да има: кожен волан, темпомат, потпирач за рака, магленки гледам нема твојава.

- Бандажи исти како на линкот од Ракунче

Не се од титаниум тие.

Најчесто доаѓа со овие, меѓутоа можеш да одбереш и други од каталог.

« Последно менување: 17 Август 2016, 17:09:42 pm Allexxander »

Отсутен marko.t

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #8 на: 17 Август 2016, 17:08:19 pm »

Со која димензија на тркала ја купи и кои бандажи? Титаниум иде со 16-ки, понатаму, би требало да има: кожен волан, темпомат, потпирач за рака, магленки гледам нема твојава.

Со 15ки ја земав, и од таа опрема што ја наброја нема ништо оваа
Ford Fiesta 1.4 TDCI

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #9 на: 17 Август 2016, 17:27:12 pm »
16-ки тркала се доплаќаа во Титаниум. Не се во нормален Титаниум пакет. Или пак има два титаниум пакета. Кај мене нема потпирач за рака и беше со 15-ки. После јас и фукнаф 16 инчни бандажи.

Или пак бил некој модел на промоција "олеснет" без 16 инчни бандажи и потпирач за да симнат на цена, а во нормален Титаниум пакет ги нуделе како стандард. Кузнај шо превара праеле у Ми-Да.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #10 на: 17 Август 2016, 17:28:51 pm »
Мислам дека вчера ја видов оваа Фиеста паркирана пред BigBox салоните за мебел спроти Бриколаж...

Отсутен marko.t

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #11 на: 17 Август 2016, 17:42:33 pm »
16-ки тркала се доплаќаа во Титаниум. Не се во нормален Титаниум пакет. Или пак има два титаниум пакета. Кај мене нема потпирач за рака и беше со 15-ки. После јас и фукнаф 16 инчни бандажи.

Или пак бил некој модел на промоција "олеснет" без 16 инчни бандажи и потпирач за да симнат на цена, а во нормален Титаниум пакет ги нуделе како стандард. Кузнај шо превара праеле у Ми-Да.

Епа незнам кој пакет му доаѓа тогаш, а многу ме интересира неможам ни приближно да го споредам со некој каталог...

Иначе таа си ја видел таму е секој ден паркирана :)
Ford Fiesta 1.4 TDCI

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #12 на: 17 Август 2016, 17:44:52 pm »
Можда е Тренд. Ме чуди како има автоматска клима а нема магленки. Праат некои комбинации. Магленки порано имаше во Тренд со мануелна клима. Сега обратно. Башка хромирани лајсни...

Најверојатно била основен модел и тој што ја купувал додавал работи, доплатил за автоматска клима, доплатил за лајсни, доплатил за бандажи. Има таква опција да си бираш што сакаш и како сакаш. Пошто вака како пакет цел не знам каде би спаѓала.
« Последно менување: 17 Август 2016, 17:53:02 pm Allexxander »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #13 на: 17 Август 2016, 19:59:17 pm »
Со здравје да се вози.

Инаку ова е тренд ниво на опрема. Претходниот газда ги сменил фаровите и лајсните околу прозорците и тоа не ги сменил комплетно туку делумно како што можеш да видиш и на сликите подолу. Плус ти фали хромирана лајсна на вратата од багажникот. Од фабрика нема шанси така да излезат.

Јас да би бил на твое место би го претапацирал воланот со кожа, би инсталирал usb music box од мида и би ги сменил бандажите.


Едит: Кажи ми дали имаш преклопливи клучеви и борд компјутер?








Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford Fiesta 1.4 TDCI
« Одговори #14 на: 17 Август 2016, 20:25:12 pm »
Ама и вратата нешто изместена, лајсните не се поклопуваат, или е вадена или раштелувана. Да си се среди.