DPF и EGR се отстрануваат обично кога веќе ќе почнат да прават проблем (дим, check engine, limp mode..) или доколку се прави ремап за максимум перфоманси.
Освен зголемено загадување со отстранувањето на DPF, негативни работи што се однесуваат кон самото возило нема. Придобивки, подобра снага, нема проблеми веќе со него, и подобро влијае на потрошувачката, бидејќи нема повеќе вбризгување на додатно гориво за регенерирање на филтерот.
Со отстранувањето на EGR, исто, освен поголемо загадување за околината, по возилото последици реално и нема. Функцијата е да се рециркулира дел од издувните гасови назад во цилиндрите, со цел да се намали температурата во нив, а со тоа се намалуваат и штетните гасови. Исто така, EGR е главната причина за запушување на усисната грана, што доведува постепено до помала снага и одзив на возилото.
Според огласот, цената е за софтверско отстранување, и трае околу 2 часа, во зависност од типот на моторен компјутер.
За плус и механичко отстранување од наша страна, треба да се доплати +20€, и пример возилото да се остави денес, за утре да е завршено комплет како што треба.
Значи се работи за комплетно отстранување на нивната функција, веќе да не појавува проблем со нив, грешки на дијагностика, check engine поради нив, така да слободно може да се исклучат конекторите дали од EGR, или пример сензор за темп. или притисок на DPF, без да јави било каков проблем.