Имав малце слободно време и решив да поработам на колата. Мал увод за почеток.
БМВ е90 бар 6 цилиндри безнинци има 4 модели постарите 325 и 330, двата со Н52 мотор 3,0. Првиот е 215кс, вториот кој јас го имам е 258кс и воедно е најјакиот бензинец атмосферец кој се вградува на не М е90. Тоа и беше една од причините поради која сакав 330и , веке од 2007 овие мотори се апгредјувани во 328 со 230 коња и 335и Н54 so 300кс. Искрено нема боље од 335и но читајки за проблемите со ХПФП, и можните проблеми посебно за километражата што јас ја возам не ми беше најдобар избор.
Е сега Бидејки 330и е првиот Н52 има позитивни и негативни работи.
- Позитивни е капак на вентили е изработен од магнезиум не е од пластика како на поновите модели кој знае да се скрши, втората е КС и НМ, итн.
-Негативните за сега имам само еден тоа се четири алуминиумски штрафови кој дополнително ја затегаат главата за блокот во регионот околу ланецот, и читајки од многу искуства доколку не се скинати сигурно ке се скинат, и доколку не се сменат на време можно е да има потреба од менување на дихтунг на глава.
Затоа решив да ги сменам, а воедно и нов дихтунг на капак, семеринг за ванос, и семеринг за Серво моторот кој го контролира варијабилното отварање на вентилите. За целата работа е потребно доста време и специјални алати кој морав да ги набавам , за фиксирање на брегасти и тајминг на ваноси.
Алуминиумските штрафови кој ги менував два се наогаат точно под запчаниците (ваносите) на брегастите.
Потоа одлично време е да се стават и нови свекици , сервисен интервал им е 100,000 милји, мојата кола има помалце но сега е полесно да се смени отколку пак да тргам пластики и глупости.