Автор Тема: Toyota Celica MK5  (Прочитано 1677 пати)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 953
Toyota Celica MK5
« на: 31 Мај 2016, 15:09:15 pm »
Вака сега, во план сум да земам второ возило, онака чисто за мерак. Се работи за Toyota Celica од петтата генерација. Имена оваа кола одамна ми леже на срце, уште кога бев мал, на татко ми другар ја имаше ваква нова купено, и од тогаш се заљубив во овој модел. За мене барем ова ми е една од најубавите коли. Е сега, веќе е прилично старо возило, а и се поретко има некоја по огласите, ама се надевам ќе се најде нешто. Колку што знам, кај нас најчесто ги има со 1.6 мотор. Ако некој има некое искуство со овој модел, некое мислење и слично, слободно нека пише.  :)